Десанка (Деса) Миљовска, родена Мириќ (Призрен, 21 мај 1918Скопје, 13 септември 2013) — првоборец, учесник во НОБ, професор по социологија на Филозофскиот факултет, еден од основачите на Катедрата по социологија.

Десанка Миљовска
Родена 21 мај 1918
Призрен,  Косово
Починала 13 септември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање првоборец и универзитетски професор

Животопис уреди

Миљовска е родена во Призрен, Косово на 21 мај 1918 година, во многудетно чевларско семејство. Средното образование и учителската школа ја завршила во Белград. Се запишала на педагошката група при Филозофскиот факултет во Скопје во 1937 година, а дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград после Втората светска војна во 1948 година, каде што и докторирала на тема „Класните сили на национално-револуционерното движење на македонскиот народ во втората половина на 19 век“ во 1962 година. Во 1950 година била избрана за доцент, а во 1962 годиназа вонреден професор. Како редовен професор по предметотопшта социологија на Филозофскиот факултет во Скопје била назначена во 1970 година. Остварила студиски престој во Париз од 1954 до 1955 и во Бостон од 1962 до 1963 година, каде што се запознала со методите на социолошките истражувања. Ги вршела функциите претседател на Советот за школство на НРМ и претседател на Советот за култура на НРМ. Била декан на Филозофскиот факултет во Скопје од 1963 до 1965 година. Објавила преку 50 научни труда од социологијата и македонската историја.[1] По кратко боледување, на 13 септември 2013 година починала во Скопје на 95 години.[2] Нејзин сопруг бил Кирил Миљовски. Мајка е на проф. д-р Јане Миљовски.

Наводи уреди

  1. Филозофски факултет 1946 — 1976 Скопје, 1976.
  2. Почина поранешната министерка за култура Миљовска. Архивирано од изворникот на 2014-12-15. Посетено на 2013-09-15.