Отвори го главното мени

Дервенска Клисура

(Пренасочено од Дервенската Клисура)

Дервенската Клисураклисура покрај реката Вардар. Се протега од утоката на Беловишка Река до селото Рашче во должина од 21,5 km. Всечена е во тријаските варовници на Жеден од десната страна и Градиште и Долги Рид од левата страна на Вардар. Ги поврзува Полошката Котлина на северозапад и Скопската Котлина на југоисток. Во клисурата постојат три теснини и две ерозивни проширувања. Во првото проширување се селата Дворце и Долно Орашје, а во второто селото Радуша и рудничката колонија. Преку клисурата води железничка пруга од нормален колосек изградена во 1952 година.[1]

НаводиУреди

  1. Marković, Jovan Đ (1968) (на српско-хрватски). Fizička geografija Jugoslavije (2 издание). Naučna knjiga.