Отвори го главното мени
Поглед на котлината Дебарца од Илинска Планина
За други значења на поимот Дебарца, видете на појаснителната страница

Дебарца е котлина во западниот дел на Македонија.[1] Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караораман од запад. Зафаќа површина од 368 км2. Низ средината на Дебарца води магистралниот пат М–4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебарца. Геолошкиот состав го прават филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умереноконтинентална. Реката Сатеска претставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебарца постојат 24 селски населби, сите населени со Македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебарца е зафатена од силен миграционен бран, па бројот на населението денеска во голема мера е намален.[2]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. С. Томић, Дебарца, „Братство“, књ. XXII, Нови Сад, 1923
  2. М. Маџевиќ и Д. Василевски, Просторно-популациски карактеристики на населбите од Дебарца, „Годишен Зборник на Институтот за географија, при Дебарското Езеро (Шпилје) ПМФ“, кн. 35–36, Скопје, 2001