Дворец Пејачевиќ во Вировитица

Дворец Пејачевиќ во Вировитица (хрватски: Dvorac Pejačević u Virovitici) - е доцнобарокен и неокласицичен дворец градот Вировитица, Вировитичко-подравска Жупанија, северна Хрватска. Тој е еден од неколкуте дворци во сопственост на членовите на благородничкото семејство Пејачевиќ во регионот на Славонија.

Дворец Пејачевиќ во Вировитица
Dvorac Pejačević u Virovitici
Вировитица, Славонија
Хрватска

Дворец Пејачевиќ – поглед од југозапад
Тип велепоседнички дом
Координати 45°50′05″N 17°23′10″E / 45.834681° СГШ; 17.386103° ИГД / 45.834681; 17.386103
Изграден 1800-1804
Изградил Антун Пејачевиќ
Тековна
состојба
малку реновиран
Тековен
сопственик
Градот Вировитица
Отворен за
јавноста
Да (градски музеј)
Под управа на Благородничкото семејство Пејачевиќ

Дворецот бил изграден во периодот од 1800 до 1804 година од страна на хрватскиот гроф Антун Пејачевиќ (* 1749; † 1802) и неговиот син Антун (* околу 1775; † 1838) на местото на претходна тврдина од средниот век. Дизајниран е од Н. Рот, архитект од Виена. Дворецот бил седиште на велепоседникот во Вировитица, а сопствениците неколкупати се промениле во минатото.

Дворецот е изграден како еднокатна градба во средината на парк, а основата му е правоаголна. Структурата е речиси симетрична, со малку вовлечен централен блок и напред исфрлени крила. Главната фасада на дворецот е свртена кон плоштадот во центарот на градот. Задната страна е украсена со две линии на лакови кои ги следат линиите на кулоарот, а горниот дел содржи фрагментирани прозорци.

Откако бил купен од општината Вировитица во 1930 година, дворецот бил преуреден, а од 1953 година во него е сместен градскиот музеј со неколку збирки (археологија, етнографија, култура и историја итн.).

Дворецот е дом на општинскиот музеј на Вировитица.[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Virovitica Municipal Museum“. Museum Documentation Centre of Croatia. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 6 August 2015.

Надворешни врски уреди