„Двоен обрач“ (хрватски: Dvostruki obruč) — југословенски филм од 1963 година, во режија на Никола Танхофер по сценариото на Иво Штивичиќ. Главните улоги ги играат: Северин Бијелиќ, Берт Сотлар, Павле Вуисиќ, Хермина Пипиниќ, Стојан Аранѓеловиќ, Давор Антолиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Борис Дворник и Антун Налис.[1]

Синопсис уреди

Есента 1941 година, група илегалци успева да ги спаси комунистите Томо (го игра Бијелиќ) и Павле (го игра Живоиновиќ) од логорот, а Петар треба да ги префрли до партизанските воени единици. Патем, тие налетуваат на усташка патрола која носи заробен партизан во градот. Илегалците ја совладуваат патролата и го ослободуваат партизанот Криле (го игра Дворник). Петар се издвојува од групата за да договори состанок во блискиот каменолом каде треба да ги чека човекот кој треба да ги префрли кај партизаните. На договореното место, Томо и неговата група не го наоѓаат ни Петар ни предвидениот водич до партизаните. Затоа, Томо оди во блиската меана со намера да дознае што се случило, но сопственикот на меаната (го игра Вуисиќ) го препознава и го пријавува кај усташот Крешимир Лисац (го игра Сотлар), кој го апси Томо и се обидува да го однесе во градот. Меѓутоа, Павле и Криле ја опколуваат меаната и не пуштаат никого да излезе. Додека расте притисокот, Марко го присилува својот помошник Мали (го игра Антолиќ) да му помогне на Лисац, но со тоа не се согласува келнерката Марија (ја игра Пипиниќ). Тука се наоѓа и загадочниот човек Дуги (го игра Аранѓеловиќ) за кого не се знае на чија страна е...

Наводи уреди

Надворешни врски уреди