Даниела Николова
Даниела Николова — дипломиран историчар на Филозофскиот факултет, Универзитетот Свети Кирил и Методиј и долгогодишен музејски работник со богато професионално искуство во музејската дејност, и актуелен директор на Музеј на македонската борба за самостојност.[1]
Даниела Николова | ||
Родена | 10 април 1966 Скопје | |
---|---|---|
Занимање | историчар |
Кариера
уредиКако кустос-советник во НУ Музеј на Македонија, автор е на бројни изложби во земјата и во странство, учесник во меѓународни проекти, семинари и конференции. Координатор е на повеќе проекти од областа на музеологијата, историјата и културата во земјата во регионот.
Од меѓународните активности работела на Програмата за идентитети во Регионалното биро на УНЕСКО со седиште во Венеција, Програмата на материјално и нематеријално културно наследство, континуирана соработка со Јунус Емре (Турски културен центар), ТИКА, НЕМО, како и соработките со музејските институции во Македонија во регионот и пошироко.
Активен член е на ИКОМ, а има реализирано и бројни проекти во соработка со невладините организациии и здруженија во земјата и странство.
Наводи
уреди- ↑ „Официјалната страница на Музејот“. Архивирано од изворникот на 2018-09-07. Посетено на 2018-09-15.