СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје

„Илија Николовски Луј“ — средно училиште во Скопје, Општина Центар.

ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: ул. Црвена скопска општина бр. 4, Скопје
Основни информации
Директор: м-р Даница Стојанова
Контактни информации
Портал www.dmbuc.edu.mk

Основање и развојот уреди

Државниот музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје, основан 1945 година, е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци.

Центарот е поделен на основно и на средно образование. Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование. Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје. Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч - балерина и фолклорен играч. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Република Македонија. Образовниот профил музичар изведувач ги опфаќа следниве професии: пијанист, виолинист, виолист, виолончелист, контрабасист, гитарист, харфист, флејтист, обоист, кларинетист, саксофонист, хорнист, тромбонист, фаготист, трубач, соло пејач, хармоникаш, изведувач на ударни инструменти.

Учество на натпревари уреди

Освоени награди уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Надворешни врски уреди