Грејси
Грејси, Сиви или Грејеви (англиски: Greys) е поим со кој се означува претпоставен ванземјански биолошки ентитети. Името го добиле по сивата боја на кожата.
Идејата за постоење на таквите вонземјански суштества настанала во 1961 година, а заснована е на случај на наводно вонземјанско киднапирање на брачниот пар Хил. Меѓутоа, скептиците тврдат дека слични интерпретации постоеле и порано во научно-фантастичните филмови, книги и стрипови.[1]
Изглед
уредиВо основа на исказите од различните очевидци, како и двојните обдукции спроведени во рамки на Розвелски НЛО инциденти, може да се реконструира типичниот изглед на овие суштества. Голем број на известувања ја поставуваат нивната височина помеѓу 100 и 140 см, пониско од просечната висина на човекот. Главата им е поголема во однос на телото. Имаат големи, темни и малку искосени очи, носот е доста слабо нагласен, усните можат да се опишат како една пукнатина, додека е забележан потполен изостанок на какви било видливи отвори од страна на главата, како ушни школки или било која друга форма на органи за слух.[2]
Во неки случаи устата не се приметува, а се претпоставува дека не им служат за зборување. По таа теорија, се претпоставува дека комуницираат со помош на телепатија. Вратот е долг и тесен, во некои случаи не е приметлив поради некаква облека.
Рацете им биле долги и тенки до колена. На дланките имаат по четири прсти, без палец. Третиот прст им е подолг од четвртиот. Долните делови на телото, во повеќето случаи не се доволно јасно опишани, но постојат тврдења дека стапалата им се прилагодени за живот во водата.
Кожата воглавно им е во сива боја, но некои сведоци тврдат дека можат да бидат и розеникаво-сиви. Немаат влакна по телото, Репродуктивните органи или полните разлики помеѓу припадниците не се воочливи, па уфолозите сметаат дека се размножаваат со клонирање.[3]
Наводи
уредиЛитература
уреди- Hamilton, E. T., Otmice, fenomen unutar NLO fenomena, Zagrebačka naklada, Zagreb, . Грејси