Грдиот Рике е народна приказна, чија најпозната верзија е онаа на Шарл Перо, објавена во Приказни или сказни од минатото во 1697 година.

Грдиот Рике
...таа под нозете виде Кујна полна со Готвачи, секакви тенџериња и лонци подготвени за голема венчавка.Илустрација од 1867 година на Гистав Доре
АвторШарл Перо
Изворен наслов Riquet à la houppe
ИлустраторГистав Доре (во 19 век)
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалИстории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
ЖанрСказна
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена
1697

Името

уреди

Постојат три претпоставки за да се објасни името на Рике[1] :

  • Перо во приказната можеби злобно алудирал на познатиот архитект Пјер-Пол Рике, кој бил промотор на каналот во Лангдок[2] и штитеник на еден од најпознатите министри на Луј XIV, Жан-Батист Колбер.
  • Кaтерин Бернар, авторка на претходната верзија којашто го инспирирала Перо, била Нормандијка[3]. Затоа, речникот Литре, во дефиниција на „Грдиот Рике“, прецизира дека согласно етимологија, зборот riquet на нормандиски дијалект означува грбавец[4].
  • Најпосле, некои во овој прекар гледаат деминутив Анрике, изведено од името Анри а со значење „малечок Анри“.

Освен тоа, оваа приказна е бајка тип 500 - името на ѓаволот, каде името со корен Рик несомнено алудира на ѓаволот, бидејќи истото е присутно во бројни стари кодови[5].

Приказната

уреди

Си била една кралица кој имала многу грдо дете. Но самовилата кој била на неговото раѓање ѝ рекла на кралицата дека, иако синот е грд, тој ќе биде многу паметен и ќе може умот да го сподели со кого ќе посака. По седум-осум години, кралицата на соседното царство родила две ќерки. Првата била многу убава, ама самовилата ѝ кажала на кралицата дека нема да биде многу паметна. Втората била многу грда, но толку ќе била паметна што никој немало да ѝ ја забележува грдоста. Првата ќе можела да ја пренесе нејзината убавина на кого сака. Како што растеле, сите биле заинтересирани само за принцезата надарена со дух и никој или речиси никој не ја забележал убавата принцеза. Еден ден кога убавата принцеза отишла во шумата да плаче, видела некој многу грд човек. Тоа бил Рике со туфка на косата. Тој ја утешил и ѝ ветил дека ќе ѝ даде памет ако се согласи да се омажи со него после една година. Таа се согласила да се омажи за него и Рике ѝ го пренесол својот ум како што рекла самовилата. Сите млади принцови на кралството дошле да се сретнат со неа бидејќи била убава и станала паметна. Таа сакала да размисли пред да донесе одлука, имајќи заборавено на ветувањето што го дала кога била глупава. Отишла во шумата да размисли. Одеднаш земјата под нејзините нозе се отворила и кујна полна со луѓе се појавила од под земјата. Поминало токму година откако таа му ветила дека ќе се ожени за Рике. Но Рике не можел да ја убеди принцезата. Сепак, ѝ рекол дека таа може да го направи убав затоа што таков дар ѝ дала самовилата. принцеата се согласила да го исполнила тоа и Рике станал најубавиот маж во светот.

Модерна приказна

уреди
 
Грдиот Рике и убавата принцеза, илустрација од 1908

Приказната на Перо е инспирирана од приказната напишана од писателката Катерин Бернар, наводно внука на Корнеј[6] која му била современичка на Шарл Перо за време на Луј XIV. Одбраната тема му одговара на Стариот режим и на тогашните книжевни салони во кои љубовта била предмет на жестоки дебати. Идејата на приказната е дека љубовта дава ум и убавина на она што го допира. Наравоучението на Перо е дека убавината, морална или физичка, постои само во очите на набљудувачот.

Адаптации

уреди
  • 1884 : Грдиот Рике, комедија, бајка во 4 дела од Теодор де Банвил по Перо (1913).
  • 1908 : Грдиот Рике филм во режија на Алберт Капелани, врз основа на приказната на Перо.
  • 1928 : Грдиот Рике, музичка комедија во 3 дела од Жорж И споредПеро (1928)
  • 2015 Грдиот Рике и Принцезата убава како неговите стапала, комедија на Матје Стортоз.
  • 2016 година : Грдиот Рике, роман на Амели Нотомб.

Белешки и наводи

уреди
  1. Charles Perrault, Contes (introduction, notices et notes de Catherine Magnien), Éditions Le Livre de Poche Classique
  2. JdeSt-F. „Living in the Languedoc: Pierre-Paul Riquet“. www.languedoc-france.info. Посетено на 2017-10-29.
  3. „Catherine Bernard - Oxford Reference“ (англиски). doi:10.1093/oi/authority.20110803095501126. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. forme), Émile Littré ; François Gannaz (mise en. „Littré - riquet à la houpe - définition, citations, étymologie“. www.littre.org (француски). Посетено на 2017-10-29.
  5. Marie-Louise., Tenèze (2004). Les contes merveilleux français : recherche de leurs organisations narratives. Paris: Maisonneuve et Larose. ISBN 9782706817892. OCLC 419384104.
  6. „Catherine Bernard (1663 (?) - 1712) - La voix oubliée“. France Culture (француски). Посетено на 2017-10-29.

Поврзано

уреди

Шарл Перо