Отвори го главното мени

Грб на Македонската православна црква - Охридска архиепископија

Грбот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија е официјалниот грб на црквата усвоен на 12 ноември 2009 заменувајќи го стариот грб на црквата. Новиот грб се усвоил за време на црковно-народниот собор во Скопје, каде меѓу другото се промениле грбот и се додал историскиот назив на црквата во сегашното име. Со новиот грб се заменил приказот на црквата Света Богородица Перивлепта со Црквата Света Софија во Охрид, покрај останатите хералдички промени.[1] Автори на грбот се хералдичарите Стојанче Величковски и Јован Јоновски, членови на Македонското хералдичко здружение.

Грб на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Подробно
Усвоен12 ноември 2009
ЧеленкаМитра на архиепископите на Охридската архиепископија
ШтитЦрква „Света Софија“ - Охрид
Држачиплашт во црвена и сребрена боја.
Претходни варијантиCoat of arms of the Macedonian Orthodox Church.svg
УпотребаМПЦ-ОА

Основни елементиУреди

Грбот на МПЦ е составен од вкупно 12 елементи кои ја симболизираат долагата и богата историја и традиција на МПЦ и на православието во Македонија. Елементите од грбот се[2]:

  1. Храм „Света Софија" - претставен со стилизиран приказ во златна боја, поставен на црвен штит;
  2. Плашт во црвена боја, што го претставува рангот на Архиепископија;
  3. Бордура на плашт, исполнета со 33 претстави на крст од манастирот „Света Богородица" во Вељуса, Струмичко;
  4. Плашт, поставен со сребрена постава, со изведена цизелазија преземена од иконата Пресвета Богородица - Душеспасителка од храмот „Света Богородица - Перивлепта" во Охрид;
  5. Медалјон со ликот на св. ап. Павле, преземен од фреската „Проповед на св. ап. Павле", од манастирот „Свети Јоаким Осоговски", Кривопаланечко;
  6. Медалјон со ликот на св. Климент Охридски, преземен од храмот „Света Богородица - Перивлепта" во Охрид;
  7. Стилизирана претстава на митрата на охридските архиепископи, што денес се наоѓа во Софија;
  8. Господ Исус Христос, фреска од манастирот „Св. вмч. Георгиј" во Курбиново, Ресенско;
  9. Пресвета Богородица - некогашна престолна икона од храмот „Света Софија" во Охрид;
  10. Свети архангел Гаврил - некогашна престолна икона од храмот „Света Софија" во Охрид;
  11. Крстот, поставен зад плаштот, од десната страна, е од иконостасот на манастирот „Свети Пантелејмон" од Горно Нерези, Скопско;
  12. Жезол од востоличувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј, возобновител на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква.

ОписУреди

Храмот „Света Софија" е претставен со стилизиран приказ на олтарната страна, во простор со сребрена боја, исполнет со претстава од бакрорезот на иконата на Пресвета Богородица - Душеспасителка од храмот„Света Богородица - Перивлепта" во Охрид. Плаштот е порабен со 33 претстави од крстот во манастирот „Света Богородица" во Велјуса, Струмичко. Во предните долни агли на плаштот се претставени на медалјон ликовите на св. ап. Павле од десната, и свети Климент Охридски од левата страна. На митрата во централниот медалјон е претставен ликот на Господ Исус Христос од манастирот „Св. вмч. Георгиј" во Курбиново, Ресенско, од левата - Пресвета Богородица, а од десната страна-свети архангел Гаврил - некогашни престолни икони од храмот „Света Софија" во Охрид. Крстот, поставен зад плаштот од десната страна, е од иконостасот на манастирот „Свети Пантелејмон" од Горно Нерези, Скопско, а жезолот е од востоличувањето на возобновителот на Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква - Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј.[2]

НаводиУреди

Користен материјалУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди