Градиште (Бразда)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Поглед на гробницата


Местоположба 42°4′50″N 21°23′54″E / 42.08056° СГШ; 21.39833° ИГД / 42.08056; 21.39833Координати: 42°4′50″N 21°23′54″E / 42.08056° СГШ; 21.39833° ИГД / 42.08056; 21.39833
Основни податоци
Место Бразда
Општина Чучер-Сандево
Тип

 градиште


Период железно време
раноантичко време
римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште — утврдена населба од железното, раноантичкото, римското и доцноантичкото време во Бразда, Општина Чучер-Сандево, Скопско. Се наоѓа на високиот рид што се издига 70 метри над околината, ограден од двете страни со Бањанска Река. На врвот има плато со површина од 4,5 хектара, кое паѓа терасесто кон север и југ и на кое се наоѓаат остатоци од утврдена населба.

По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. На акрополот, врз предримскиот опидум бил изграден доцноримски кастел со квадратна основа и со димензии од 110 × 90 м. 0дбранбените ѕидови се градени од камен и варов малтер и имаат ширина од 1,70 м.

Со ископувањата во 1986 година се откриени дел од работилница за преработка на метал (оловна руда) и керамика од 5-4 век пред н.е. Во северното подножје е откриена раноантичка гробница градена од делкани блокови од травертин кај која се разликуваат две фази на градба. Меѓу многубројната жртвена керамика има повеќе антички црвено фигурални вази од крајот на 5 и раниот 4 век пред н.е. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069