Гоце Илиевски
Гоце Сандев Илиевски ( 1923 во Тетово ― 1944 во Прилеп) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Гоце Илиевски | ||
Роден | 1923 година Тетово | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Прилеп убиен од бугарските фашисти |
Животопис
уредиРоден е во сиромашно семејство. Тој изучил занает и работел како столар. Во 1939 година се доселил да живее во Скопје.
Со организирана дејност бил опфатен од Партијата и се вклучил во активна борба против окупаторот. Извршувал разни задачи. Кон крајот на 1943 година заминал со партизаните во Западна Македонија. Учествувал во многубројни борби против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор, како и против домашните предавници. Учествувал и во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Загинал кон крајот на 1944 година, во првите борбени линии при ослободувањето на Прилеп.