Гота (округ)
Гота (германски: Gotha) — округ во средишниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се Унштрут-Хајних, Земерда, слободниот град Ерфурт, Илм, Шмалкалден-Мајнинген и Вартбург.
Гота Landkreis Gotha | |
---|---|
округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Тирингија |
Седиште | Гота |
Површина | |
• Вкупна | 936 км2 (361 ми2) |
Население (31 декември 2020)[1] | |
• Вкупно | 134.563 |
• Густина | 140/км2 (370/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | GTH |
Мреж. место | landkreis-gotha.de |
Историја уреди
Округот бил основан на 1 октомври 1922, кога новосоздадената држава Тирингија била административно поделена на 15 окрузи и 9 слободни града.
Географија уреди
Југозападната област на округот претставува дел од Тириншката Шума, со врвот Гросер Инзелсберг (916 м, Großer Inselsberg) како највисока точка во округот. Во северниот дел на округот се наоѓаат многу овоштарници, особено во областа Фанер Хее (Fahner Höhe). Реката Унштрут тече на кратко на самата северна граница на округот.
Грб уреди
Грбот го покажува замокот Фриденштајн во горниот дел, најголемата барокна градба во градот Гота. Брановитата линија го прикажува каналот Лајна, кој бил граден од 1366 до 1369 од Шенау до Гота, со цел носење на вода во самиот град. Ѕвездата долу била симбол на Војводството Саксо-Гота-Алтенбург.
Грбот бил изгласан на 28 јуни 1991. |
Градови и општини уреди
Слободни градови | Слободни општини | |
---|---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
1. Апфелштетауе 2. Фанер Хее |
4. Несеауе | |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи уреди
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
Надворешни врски уреди
- Официјална страница (германски)