Горно Пожарско

поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија, Грција

Горно Пожарско или Горно Пожар (грчки: Ανω Λουτράκι, Ано Лутраки; до 1922 г. Άνω Πόζαρ, Ано Позар[1]) — поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Горно Пожарско
Ανω Λουτράκι
Горно Пожарско is located in Грција
Горно Пожарско
Горно Пожарско
Местоположба во областа
Меглен во рамките на Меглен
Меглен
Местоположба на Меглен во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°58.44′N 21°54.33′E / 40.97400° СГШ; 21.90550° ИГД / 40.97400; 21.90550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население
 • Вкупнонапуштено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Горно Пожарско се наоѓало на надморска висина од 500 м во северозападниот дел на котлината Меглен. Лежело на 20 км западно од општинското седиште С’ботско, во јужното подножје на планината Ниџе, над Пожарски Бањи.[2]

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Во XIX век Горно Пожарско било македонско село во Воденската каза на Отоманското Царство. Според преднијата, селото е постаро од Долно Пожарско, но постепено се намалило, бидејќи жителите почнале да градат куќи во долното маало — Долно Пожарско.[2] Црквата „Св. Јован Претеча“ во Горно Пожарско е од средината на XIX век.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ исто така е стара.[4] Жителите претежно се занимавале со сточарство, а во помала мера со земјоделство.[2]

Повеќето статистики не ги разликуваат Долно и Горно Пожарско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пожарско (Pojarsko) е село во Воденската каза со 218 куќи сочинети од 1000 жители Македонци.[5][6]

Во 1881 г. Пожарско е ограбено од разбојникот Бекир-пеливан.[7] Во овој период проработела бугарската пропаганда и во 1883 г. во селото е отворено бугарско училиште.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Пожарско живееле 2004 Македонци христијани.[5][9]

Целото население на Пожарско потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пожарско (Pojarsko) има 2240 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5][10]

Егзархиската статистика од 1912 г. вели дека селото имало 2080 жители.[2]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција. За време на Првата светска војна бугарската воена власт ги евакуирала жителите на Горно Пожарско во Јужна Србија, која исто така била под бугарска окупација.[2] По војната, повеќето жители се вратиле во селото, но изградиле куќи во Долно Пожарско. Затоа, во 1920 г. Горно Пожарско е заведено со само 79 жители, кои во 1928 г. сепак нараснале на 159 жители.[2]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. пишува дека Горно Пожарско има 170 куќи на словени христијани.[11] Во 1922 г. Пожарско е преименувано во Лутраки, а со тоа Горно Пожарско станало Ано Лутраки.

Во 1924 г. 15 македонски семејства од Горно и Долно Пожарско се преселиле во Бугарија — 8 во Варна, 6 во Софија и 1 во Стара Загора.[12] Во 1940 г. селото имало 185 жители.

Селото многу настрадало во Граѓанската војна (1946 - 1949). Повеќето жители се преселиле во СР Македонија. Оние што пребегале во други места по во Грција потоа се вратиле, но во Долно Пожарско, а Горно Пожарско останало напуштено и необновено.[2] Од селото се зачувани црквите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Ѓорѓи“.

Личности

уреди

Литература

уреди
  • Бицевски, Т. Прилог кон проучувањето на обредните песни во селото Горно Пожарско, Мегленско (Егејска Македонија), Македонски фоклор II /5-6, 1970, 81-104.
  • Бицевска, К. Деминутивни образувања кај именките во говорот на селото Горно Пожарско. – Литературен збор, 1984, № 5, 43—48.

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 85. ISBN 9989-9819-5-7.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/11358/374/16-3-1999 - ΦΕΚ 312/Β/5-4-1999“. Архивирано од изворникот на 2022-04-18. Посетено на 20 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар |publiser= (се препорачува |publisher=) (help)
  4. Νομός Πέλλας. Προσκυνηματικές περιηγήσεις. стр. 10. Посетено на 11 септември 2022.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 156–157. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 300.
  8. Младеновъ, Кирилъ (1937). „Една печална тридесетьгодишнина“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската Организация. IX (9 (89): 2. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 190–191.
  11. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 24.
  12. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 87. ISBN 9989-9819-5-7.