Горно Папратско

село Гърция, Западна Македония

Горно Папратско (грчки: Πτεριά, Птерија, до 1926 Άνω Παπράτσκον, Ано Папрацкон)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Горно Папратско
Πτεριά
Горно Папратско is located in Грција
Горно Папратско
Горно Папратско
Местоположба во областа
Горно Папратско во рамките на Костур (општина)
Горно Папратско
Местоположба на Горно Папратско во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°3′E / 40.500° СГШ; 21.050° ИГД / 40.500; 21.050Координати: 40°30′N 21°3′E / 40.500° СГШ; 21.050° ИГД / 40.500; 21.050
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000825000000825 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно133
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 22 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро и на 5 килиметри од грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 825 метри.

Историја уреди

Горно Папратско е традиционално македонско село, но во времето на Али-паша Јанински неговите жители го примиле исламот[3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Горно Папратско имало 330 жители муслимани[4][5]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто турско со 350 жители[6]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 45 муслимански семејства[7]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Папратско се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[9] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 442 жители, заедно со Долно Папратско, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 351 жител. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Птерија.[10] Според едни извори, бројот на бегалците бил 181 лица[6], додека според други 49 семејства со 194 лица.[11].

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 181 жител.[11], додека во 1940 година селото броело 312 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 275 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 333 жители, во 1971 година имало 247 жители, во 1981 година имало 269 жители, додека во 1991 година имало 207 жители[12]. Денеска, населението на селото е 133 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 312 275 333 247 269 207 165 133
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Πτεριά
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
  6. 6,0 6,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ano Fteria“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
  7. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  8. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
  10. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. 11,0 11,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.