Големиот дружељубив џин

„Големиот дружељубив џин“ (англиски: The BFG) - британско-канадско-американски филм од 2016 година, во режија на Стивен Спилберг. Гласовите во филмот ги позајмуваат: Марк Риланс, Раби Барнхил, Пенелопи Вилтон итн.

Содржина уреди

Десетгодишното девојче Софи живее во дом за сираци. Еден ден, таа здогледува стар џин со големи уши, кој ја грабнува и ја носи во Земјата на џиновите. Таму живеат неколку лоши џинови, кои постојано го тормозат стариот џин. Тој, пак, има навика да ја посетува Земјата на соништата, каде собира соништа кои ги чува во стаклени садови во својот дом. Потоа, тој слегува на Земјата и им ги пушта соновите на луѓето, додека тие спијат. Софи го нарекува џинот БФГ (Big Friendly Giant) и тие стануваат пријатели. Еднаш, еден од лошите џинови го посетува БФГ и намирисува дека кај него има човечко суштество. Кога џиновите ќе го пронајдат ќебенцето на Софи, БФГ одлучува да ја врати во домот за сираци, сакајќи да ја спаси од лошите џинови, кои сакаат да ја изедат. Сепак, Софи се враќа во Земјата на џиновите и дознава дека претходно БФГ чувал момче, кое го изеле џиновите. Затоа, таа смислува план како да се ослободат од лошите џинови: Таа и БФГ одат кај англиската кралица и бараат помош од неа. Кралицата испраќа војници, кои со хеликоптери одат во Земјата на џиновите, ги фаќаат лошите џинови и ги истовараат на еден пуст остров. Софи останува да живее во дворецот на кралицата, сеќавајќи се на БФГ.[1]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди