Глобална награда за наставници

Глобална награда за наставници — годишна награда од 1 милион американски долари од Фондацијата Варки за наставник кој има направено извонреден придонес во професијата.[1] Номинациите на наставници кои исполнуваат специфични критериуми се отворени за светската јавност, а наставниците од целиот свет можат да се номинираат и самите себе. Селекцијата ја врши Глобалната академија за награда за наставници, составена од наставници, експерти за образование, коментатори, новинари, јавни службеници, технолошки претприемачи, директори на компании и научници од целиот свет.[2]

Глобална награда за наставници
Доделена занаставник кој имал поттикнувачко влијание врз неговите ученици и во неговата заедница.
МестоВелика Британија
ДржаваОбединето Кралство Уреди на Википодатоците
ДоделуваVarkey Foundation Уреди на Википодатоците
Награда/иПарична награда во вредност од 1 милион американски долари
Прво
доделување
2015; пред 9 години (2015)
Мрежно местоhttp://www.globalteacherprize.org/ Уреди на Википодатоците

Годишната награда била лансирана на вториот годишен Глобален форум за образование и вештини во март 2014 година и добиле над 5.000 номинации од 127 земји.

Глобалната награда за наставници, која новинарите ја нарекуваат Нобелова награда за настава,[3] ја истакнува и слави професијата притоа давајќи поголемо признание за работата на наставниците ширум светот. Шефот на Фондацијата Варки тврди дека, „Сакаме да ги промовираме наставниците како ѕвезди и да го поддржиме квалитетот на образованието за да се истакне огромното влијание на наставниците врз нашите животи“. „Наставата треба да биде најважната професија во светот и треба да им се даде должна почит“.

Од 2018 година, Португалија ја вовела „Глобалната награда за наставници Португалија“,[4] што е годишна награда од 30.000 евра и од Фондацијата Варки, спонзорирана од Кафе Делта, во партнерство со Фондацијата Галп, Фудбалската федерација на Португалија и ревидирана од PWC.

Историја

уреди

Првата годишна Глобална награда за наставници била доделена во март 2015 година на Ненси Атвел, иновативна и пионерска професорка по англиски јазик и обучувач на наставници во руралниот Мејн во Соединетите Американски Држави, која основала и води училиште каде учениците читаат во просек по 40 книги годишно, бираат кои книги ги читаат и пишуваат со успех.[3][5] Атвел е автор на девет книги за настава, вклучително и една која е продадена во повеќе од половина милион примероци.[5] Таа ја донирала наградата која ја добила во вредност од 1 милион американски долари за одржување, развој и стипендии на нејзиното училиште, непрофитниот Центар за настава и учење, кој исто така е модел училиште за развивање и ширење на наставни методи.[3][6]

Наградени

уреди
Година Слика Име Земја Занимање
2015   Ненси Атвел   САД Наставник по англиски јазик и

тренер на наставници.

2016   Ханан Ал Хруб   Палестински територии Палестинска учителка.[7]
2017   Меги Мекдонел   Канада Инуитска учителка.[8]
2018   Андрија Зафираку   Обединето Кралство Наставничка по уметност и текстил.[9][10][11][12]
2019   Питер Табичи   Кенија Наставник по природни науки.[13]
2020   Ранџицин Дисале   Индија Индиски учител.[14]
2021   Кеиша Торп   САД Професорка по англиски јазик.[15][16][17]

Наводи

уреди
  1. "Applications open for world’s first one million dollar teacher prize" Архивирано на 15 мај 2016 г. (press release). EducationandSkillsForum.org. March 2014.
  2. Strauss, Valerie. "Can a $1 million global teacher competition (backed by Bill Clinton) boost the profession?". Washington Post. 30 August 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Gambino, Lauren (March 23, 2015). „The world's best teacher lives in rural Maine and doesn't care about test scores“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2019-02-11.
  4. „Home“. www.globalteacherprizeportugal.pt. Посетено на 2022-05-20.
  5. 5,0 5,1 Associated Press. "Maine Teacher Wins $1 Million Global Teacher Prize in Dubai". New York Times. 15 March 2015.
  6. "10 Incredible Facts about Prize Winner Nancie Atwell" Архивирано на 19 март 2018 г.. VarkeyFoundation.org. 19 March 2015.
  7. Coughlan, Sean (14 March 2016). „Palestinian teacher wins global prize“ – преку www.bbc.co.uk.
  8. Foundation, Varkey (21 February 2017). „Maggie MacDonnell - Global Teacher Prize 2017 Winner“ – преку Vimeo.
  9. „Andria Zafirakou from north London wins $1m 'world's best teacher' prize“. The Guardian (англиски). 2018-03-18. Посетено на 2018-03-18.
  10. „Inspirational London teacher Andria Zafirakou wins $1m Global Teacher Prize“. ITV News (англиски). Посетено на 2018-03-18.
  11. Coughlan, Sean (2018-03-18). „UK teacher wins global best teacher prize“. BBC News (англиски). Посетено на 2018-03-18.
  12. Aitkenhead, Decca (23 March 2018). „Best teacher in the world Andria Zafirakou: 'Build trust with your kids – then everything else can happen'. the Guardian (англиски). Посетено на 23 March 2018.
  13. „Peter Tabichi - The 2019 Global Teacher Prize Winner“. Архивирано од изворникот на 2019-07-27. Посетено на 2019-03-27.
  14. „Ranjitsinh Disale - The 2020 Global Teacher Prize Winner“. Архивирано од изворникот на 2022-01-10. Посетено на 2020-12-03.
  15. Foundation, Varkey (10 November 2021). „Keishia Thorpe - The 2021 Global Teacher Prize Winner“. Архивирано од изворникот на 13 November 2021. Посетено на 13 November 2021.
  16. White, Taneasha (11 November 2021). „Maryland High School English Teacher Wins Global Teacher Prize“. Inside Edition.
  17. AP, CBS (11 November 2021). „Maryland high school teacher Keishia Thorpe wins $1 million Global Teacher Prize“. CBS News.