Гласоечко — традиционален облик на вокална музика, машко двогласно пеење од Долни Полог, карактеристично за оваа област.[1] Ова пеење се препознава како симбол на културниот идентитет на македонскиот народ од оваа област кој токму во гласоечките песни ги вградил својата историја, митологија, традиција и култура. Прогласено е за нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Гласоечко
Традиционални народни носии во најмалиот етнолошки музеј на светот, Џепчиште
ДомениИзведбена уметност (музика)
Поврзница01104
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2015 (4 сесија)

Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог е вклучено во рамките на точката 3.1.4.2.1. (вид) според националната класификација на културно наследство.


Пеење уреди

Песните се пеат полифониски, додека дронскиот глас се движи спротивно во однос на водечкиот мелодиски глас, често следен со кавал и гајда. Гласоечкото се изведува неусилено од два-тројца пејачи, на свечености, свадби, вечерни забави и други дружби. Гласоечките пејачи се истакнати и талентирани поединци кои се стекнале со знаење со подражавање на техниките и вештините од претходниците.

Датирање на доброто уреди

За првпат Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог се спомнало во пишаните извори од крајот на 20 век.

Опис на доброто уреди

Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог припаѓа на бурдонскиот тип на двогласје, кое воедно претставува најстара форма на македонското повеќегласно пеење. Бурдонот претставува основен облик на звучење на една мелодија врз основа на друг глас.

Овој специфичен начин на пеење има свој закономерен карактер, кој, до извесен степен, го поврзува македонското двогласно пеење со другите музички култури на Балканскиот Полуостров.

Тоа претставува посебен вид музичко-фолклорно наследство кое постои во еден функционален систем на различни типови музички слоеви. Припаѓа на старата обредно-пејачка традиција врзана за семејните празнувања и празнувањата на селските заедници.

Машкото повеќегласно пеење од десетте Долнополошки села: Подбрје, Жилче, Ратае, Копанце, Ротинце, Јагуновце, Сиричино, Шемшево, Прегубиште и Јанчиште, е во тесна врска со празничниот календарски циклус. Во минатото имало големо значење за селските заедници при нивните празнувања, проследени со пеење (особено на слави и свадби т.е. на трпеза).

Потекло уреди

Машкото повеќегласно пеење од Долнополошки села: Подбрје, Жилче, Ратае, Копанце, Ротинце, Јагуновце, Сиричино, Шемшево, Прегубиште и Јанчиште, кое е предмет на валоризација, во минатото имало огромно значење за селските заедници при нивните празнувања (слави и свадби) од страна на најдобрите интерпретатори на овие двогласни пејачки форми.

Употреба на доброто уреди

Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог , Република Македонија, не само што се применува во локалните пејачки средини од страна на носителите на овие традиционални пејачки форми во долнополошките села, се применува и на репертоарот на поснатото Трио Гавровци како и меѓу преселничките родови од овој крај во Република Србија. Овој тип на пеење е презентиран и на научната јавност во републиката и надвор од неа, во вид на:

-лесна апликатура во различни форми на културен туризам;

-аудио и видео презентации на научни собири, трибини и фестивали на регионално и интернационално ниво;

Вредност и значење на доброто уреди

  • Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог обединува повеќе карактеристики на старата машка двогласна пејачка традиција.
  • Како автентично и зачувано добро во меморијата на носителите на овие традиционални пејачки форми, тоа е од непроценливо значење за културниот идентитет на населението од посочените Долнополошки села.
  • Брендирање на културен идентитет.
  • Неговите вредности како интегрален израз на уметничкото творење на народниот гениј се изразува преку единството на неговите форми и функции кое во висока мера ги задоволува критериумите за неговото културно, уметничко, научно и општествено значење.


Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто уреди

Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто уреди

  • Автентичноста- се одликува со сопствен стил на двогласно машко пеење. Автентичноста не е изразена преку зачуваните архаични елементи на бурдонското машко двогласно пеење, како локално-амбиентална категорија со своите стилски особености, како и антифониот начин на изведување;
  • Реткоста - степенот на зачуваноста на Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог претставува вистинска реткост што постои како збирно духовно добро кое е зачувано во оваа мера, како културно наследство во меморија;
  • Единственоста- единствено во Република Македонија како тип на машко повеќегласно пеење;
  • Разновидноста- Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог претставува комплекс од разновидни жанровски особености на национален македонски музички фолклор преку кој се изразува целото богатство на музичко-фолклорните дијалекти својствени на овој крај;
  • Интегралноста - е изразена преку спојот на формите и функциите на машкото повеќегласно пеење од Долни Полог;
  • Зачуваноста- Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог е сочувано до одредена мера, сепак се појавуваат тенденции на преобликување (додавање на нови елементи) на овој вид традиционално пејачко изразување;
  • Староста- Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог претставува најстар и најархаичен слој на двогласно (бурдонско) пејачко изразување, се идентификува според анкетираните жители на овој регион, дека ваквиот стил на машкото изразување се негувало со векови, пренесувано од поколение на поколение, а тоа се показателите за неговата старост;


Критериуми кои се однесуваат на функциите на доброто уреди

  • Воспитно-образовна функција- едукација на младите генерации на Машкото повеќегласно пеење за едно поблиско или подалечно минато од Долни Полог;
  • Научна функција- со проучувањето на Машкото повеќегласно пеење се добиваат значајни и релевантни податоци за музичко-фолклорните особености и стил на Машкото повеќегласно пеењеод Долнополошките села. Социо-културната димензија што ја пројавува Машкото повеќегласно пеење од долни Полог е цврсто втемелена во функционирањето на машките пејачки групи од фолклорниот аматеризам посебно изразени во руралните средини на северозападна Македонија;
  • Комуникациска функција- на Машкото повеќегласно пеење од Долни Полог најсилно се изразува преку пренесувањето на традиционалните музичко-фолклорни вредности врз младите генерации;


Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто уреди

  • Културното значење е дека машкото повеќегласно пеење од Долни Полог како традиционална институција, негувана со векови и пренесувана со генерации од колено на колено, денес, претставува едно од најсочуваните форми на традиционално машко пејачко изразување;
  • Историското значење е дека преку проучувањето на машкото повеќегласно пеење од Долни Полог, може да се добијат релевантни податоци за историските збиднувања и процеси коишто се одвивале во минатото до денес на територијата на Република Македониј;
  • Уметничкото значење се состои во тоа што преку бројните изразни елементи на машкото повеќегласно пеење од Долни Полог се нудат нови естетски можности за нивна понатамошна обработка и создавање на нови форми на музичко изразување во доменот на македонската популарна музика и слично;
  • Научното значење лежи во фактот што со идентификацијата, заштитата и заштитната евиденција се збогатува националната научна датабаза за компаративни регионални проучувања од областа на етномузикологијата;

Светско културно наследство уреди

Гласоечкот е впишано во список на светското нематеријално културно наследствосписокот на светското нематеријално културно наследство во 2015 година и тоа веднаш на списокот на итна заштита [2]. Имено, гласоечкот се соочува со бројни многу озбилни закани за одржливост, бидејќи бројот на поединци и групи кои го пеат и пренесуваат забрзано се смалува, делумно заради трајната миграција на изведувачите после воените конфликти во 2001 година[2].

Библиографија уреди

  • Величковска, Родна: македонско архаично повеќегласно пеење, предавање на трибината насловена како „Балканска полифонија“ која се одржала во рамките на 34-те Белградски музички свечености БЕМУС во 2002 година;
  • Величковска, Родна: Жетварското пеење во Македонија, Институт за фолклор „марко Цепенков“, посебни изданија, кн.45, Скопје, 2002;
  • Константинов, Милош: етничката територија на Македонците, Етнолошки преглед, 17, Белград, 1982, стр.25-47;
  • Константинов, Милош:Македонци, Народите на светот, кн.6, Скопје, 1992;


Наводи уреди

  1. „Гласоечко“ впишано на списокот на УНЕСКО на семрежното место на A1on
  2. 2,0 2,1 Glasoechko, male two-part singing in Dolni Polog на семрежното место на УНЕСКО (англиски) Пристапено 10 март 2020.

Надворешни врски уреди

Гласоечко пеење на Јутјуб