Гецов Леден Гребен

Гецов Леден Гребен (англиски: Getz Ice Shelf) — најголемиот леден гребен на Антарктикот, сместен долж неговиот југозападен брег. Долг е 500 м, а широк од 30 до 100 км. Се граничи со Хобсовиот и Бакутисовиот Брег во Земјата на Мери Берд помеѓу Мекдоналдовите Висови и Мартиновиот Полуостров. Неколку големи острови се делумно или целосно зафатени од гребенот.

ГЛГ во рамките на Антарктик
ГЛГ
Местоположба на гребенот
Гецовиот Леден Гребен

Мразот од гребенот се топи во износ од 1,1 до 4,1 м годишно, што го прави најголемиот извор на of топена вода во Јужниот Океан.[1]

Ледениот гребен западно од островот Сајпл е откриен од Антарктичката служба на САД (USAS) во декември 1940 г. Делот источно од островот Сајпл за првпат е разграничен од воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Целиот гребен е искартиран од Геолошкиот топографски институт на САД според морнаричките прелетни снимки во 1962–65. г. Наречен е по Џорџ Гец од Чикаго, кој направил заложба за опремување на хидроавионот користен во експедицијата.[2]

Во февруари 2021 г. научниците изјавиле дека четиринаесетте ледници кои го образуваат гребенот се имаат забрзано, и изгубиле 315 гигатон мраз од 1994 г. наваму. Причината за забрзувањето се претставува дека е релативно топлата океанска вода ги топи ледниците од долу.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Jacobs, S. (2013). „Getz Ice Shelf melting response to changes in ocean forcing“ (PDF). Journal of Geophysical Research: Oceans. 118 (9): 4152–4168. doi:10.1002/jgrc.20298. eISSN 2169-9291.
  2. „Getz Ice Shelf“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 23 април 2012. (англиски)
  3. Amos, Jonathan (23 февруари 2021). „Climate change: West Antarctica's Getz glaciers flowing faster“. BBC News. Посетено на 23 февруари 2021.

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Гецов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Координати: 74°15′S 125°00′W / 74.250° ЈГШ; 125.000° ЗГД / -74.250; -125.000