Гепо
Гепо е насловниот лик на италијанската стрип серија создадена од Џован Батиста Карпи.[1]
Карактерот
уредиГепо е ѓавол со добро срце, а неговиот наивен, срамежлив, сочувствителен карактер создава постојани проблеми со неговиот „шеф“, сатаната.[1][2] Други ликови кои често се појавуваат во серијата се кучето чувар на Сатана, Серберус и антропоморфната змија Салваторе.
Историја
уредиГепо официјално дебитирал во 1955 година во стрип-магазинот Волпето, во приказната „Vita nuova... all'inferno!“ (трад. „Нов живот... во пеколот!“, но раната верзија на Гепо се појавила во декември 1954 година, во стрипот Trottolino e la „Enne“ Dimensione (трад. Тротолино и димензијата „Н“ ), во приказната „Geppo il buon diavolo“ (трад. „Гепо добриот ѓавол“), со поинаков графички дизајн реализиран од Giulio Chierchini.[1][3][4]
Од 1961 година, Гепо станал водечки лик на истоимената серија на стрипови, објавена повеќе од триесет години од страна на Едизиони Бјанкони. Како автори на стрипот наизменично се менувале Пјер Лујџи Сангали, а подоцна и Сандро Доси.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Giovan Battista Carpi. I Classici del fumetto serie Oro - Geppo & Nonna Abelarda. Panini Comics - La Repubblica, 2005.
- ↑ Giovanni Scalambra (18 March 1999). „Geppo, un diavolo dal cuore d'oro“. Stradanove. Архивирано од изворникот на 26 April 2012. Посетено на 23 December 2011.
- ↑ Franco Fossati. Dizionario dei fumetti. Vallardi A., 1996. ISBN 88-11-90456-0.
- ↑ 4,0 4,1 Michele Fidati (3 May 2011). „Il ritorno di Geppo di Sandro Dossi“. Manga Forever. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 23 December 2011.