Географска распространетост на македонскиот јазик

Со географска распространетост на говорители на македонскиот јазик се подразбира целосниот број на луѓе чијшто мајчин јазик е македонскиот јазик, југоисточен словенски јазик којшто служи како службен јазик на Македонија. Според пописот направен во 2002 година, вкупниот број на говорители на македонскиот јазик како прв јазик во државата изнесувал 1.344.815. Македонскиот јазик е исто така изучуван и говорен како втор јазик од сите етнички малцинства во државата, чија целосна бројка изнесувала 2.022.547 луѓе во пописот во 2002 година.[1][2] Според Ethnologue, бројот на луѓе чиј мајчин јазик е македонскиот изнесувал 1.476.500 во 2016 година.[3] Според проценки на јазичарот Виктор Фридман, бројот на говорници на јазикот изнесувал 3,5 милиони во 2001 година.[1]

Распространетост на луѓе коишто го зборуваат македонскиот јазик низ светот:
  службен јазик, околу 2 милиони говорители во Македонија;
  околу 70.000 говорители во Австралија;
  повеќе од 50.000 говорители во Германија, Италија и Швајцарија;
  повеќе од 20.000 говорители во Албанија, Грција, САД;
  околу 10.000 говорители во Австрија, Белгија, Данска, Канада, Холандија, Србија, Франција, Шведска
  помалку од 10.000. говорители — други држави

Македонскиот се зборува како мајчин јазик од иселеници на Балканот, континентална Европа и остатокот на светот, претежно во Австралија, Канада и Соединети Американски Држави. Според проценки за иселениците од државата во 1964 година, бројот на луѓе кои го говореле македонскиот јазик надвор од Балканот изнесувал 580.000.[4] Вистинскиот број на говорители на јазикот како мајчин и втор јазик не може да се одради поради историско-политичките односи со Грција, Бугарија и Албанија. Уште една од причините поради која е тешко да се одреди целосниот број на говорители на јазикот е тоа што некои македонски дијалекти исто така се сметаат како дијалекти на српскиот и бугарскиот.

Македонија уреди

 
Распределба на македонскиот јазик во Македонија (попис 2002)

Според пописот од 2002 година, во Македонија, од вкупното население од 2.022.547 жители, на 1.344.815 македонскиот јазик им бил мајчин јазик. Во Скопје бројот на жители чиј мајчин јазик бил македонскиот биле 341.340.[5] Според податоците од пописот, говорителите на македонскиот јазик биле мнозинство во сите области на Македонија, освен во северозападните области, кои се повеќе населени со говорители на албанскиот јазик.[6] Македонскиот јазик е мајчин јазик на 70% од жителите на земјата.[7] Покрај македонското население, етничките Албанци, Срби, Роми, Турци и Власи зборуваат македонски јазик на разни нивоа како втор јазик.[1][8][9]

Годишната јазичаричка податочна база Етнолог проценила дека во 2016 година имало 1.476.500 говорители чиј мајчин јазик е македонскиот.[3] Американскиот јазичар Виктор Фридман проценил дека во 2011 година имало 3,5 милиони говорители.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Friedman & Garry 2001, стр. 435
  2. Црвенковска, Емилија; Петроска, Елена. „Македонскиот јазик како втор и странски: терминолошки прашања“ (PDF). Скопски универзитет. Посетено на 18 март 2020.
  3. 3,0 3,1 Lewis, M. Paul, Gary F. Simons, Charles D. Fennig, уред. (2015). „Macedonian. A language of Macedonia“. Ethnologue: Languages of the World (18th Ed.). Dallas: SIL International. Посетено на 20 април 2020.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  4. Topolinjska, Z. (1998), "In place of a foreword: facts about the Republic of Macedonia and the Macedonian language", International Journal of the Sociology of Language (no. 131): 1–11
  5. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002“ [Census of the population, households and dwellings in the Republic of Macedonia, 2002] (PDF). Book X (македонски и англиски). Skopje: Republic of Macedonia State Statistical Office. May 2005. стр. 18, 198. Посетено на 20 April 2020.
  6. Usikova 1994, стр. 221–222
  7. „CIA – The World Factbook 2002 – Macedonia, The Former Yugoslav Republic of“. Umsl.edu. Архивирано од изворникот на 2021-12-24. Посетено на 11 March 2019.
  8. Usikova 2005, стр. 102
  9. Crvenkovska & Petroska, стр. 11