Генерација X

Генерација X (Генерација икс) е поим со кој се означуваат луѓето родени во периодот од средината на шеесеттите до доцните седумдесетти години од минатиот век - по крајот на големото зголемување на наталитетот, таканаречениот беби бум.

Времеплов за генерирање

Терминот генерација икс во светот се користи при различни демографски, социолошки истажувања, во истражувања поврзани со маркетинг стратегии, како и во популарната култура.

Поединците кои се сметаат за дел од оваа генерација се родени во доцните години од Студената војна, и се сведоци на падот на берлинскиот ѕид. Оваа генерација го има проживеано навлегувањето на компјутерите во секојденевниот живот, појавувањето на видеоигрите, на интернетот, како и начинот на кои тие нешта навлегуваат во сите области на животот. Појавувањето на MTV, гранџ музиката, хип-хоп културата и на СИДА-та се поврзани со оваа генерација.

Во еконимијата некои студии покажуваат дека во овој случај не се потврдува правилото дека секоја следна генерација е подобра од претходната.[1] Една студија вели дека припадниците на оваа генерација заработуваат за околу 12% помалку од нивните татковици во 1974 година.[2]

Културни трендови во Генерацијата XУреди

Во текот на деведесеттите години од минатиот век оваа генерација стана полнолетна и со тоа на свој начин влијаеше врз развојот на популарната култура (гранџ и хип-хоп музиката).

ЛитератураУреди