Гамбо е име дадено за труп на неидентификовано големо морско животно кое наводно се појавило на брегот на плажата Бунгалов во Гамбија.

Илустрација на Гамбо од Овен Бурнхам

Настан

уреди

Трупот го откриле 15-годишниот Овен Бурнхам и неговото семејство рано науто на 12 јуни 1983 година. Овен го измерил трупот, а потоа направил скица. Подоцна сфатил дека тоа животно го нема во ниту една книга. Локалните селани верувале дека тоа е труп на делфин. Тие на трупот му ја отсекле главата и ја продале на туристи. Трупот е закопан, а обидот да се премести некаде не успеал[1][2].

Наводи

уреди
  1. The Field Guide to Lake Monsters, Sea Serpents, and Other Mystery Denizens of the Deep. Coleman, Loren and Huyghe, Patrick. Jeremy P. Tarcher Publishing. November, 2003
  2. In Search of Prehistoric Survivors. Shuker, Karl P.N. Blandford, London, 1995.