Галица

планина во Кукушко, Албанија

Галица (албански: Gjallica, Mali i Gjalicës или Gjallica e Lumës) — варовничка планина сместена 8 км југоисточно од градот Кукуш во Кукушката област, североисточна Албанија. Највисокиот врв достигнува 2 487 м, што го прави највисока точка областа.[3] Снежната покривка во високите делови трае сè јуни во годините со постудени зими.

Галица
Gjallica
Поглед на Галица и градот Кукуш
Највисока точка
Надм. вис.2 487 м [1]
Координати42°00′42″N 20°28′11″E / 42.0116° СГШ; 20.4697° ИГД / 42.0116; 20.4697
Географија
Галица is located in Албанија
Галица
Галица
Местоположба на Галица
Галица на карта

Карта

МестоКукушка област, Албанија
Матичен венецКораб[2]
Геологија
Старост на карпататријас
Видваровник

Источната страна на планината навлегува во областа Гора, населена со Македонци-муслимани (Горанци).[4]

Природа и екологија уреди

Масивот спаѓа во балканскиот и днарскиот екорегион на широколисните и мешани шуми од умерените предели. Планинските падини претежно се прекриени со иглолисни шуми. Повисоките предели се густо обраснати со бор и бука, но подножјето е сиромашно со растителност како последица од загадувањето на фабриката која денес е затворена. Планината делува многу висока бидејќи долината на Црн Дрим од западната страна е на само 250 м. н.в.[5]

 
Врвот на Галица
 
Поглед на планината од Патот за Косово
 
Галица под снег

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „TREGUES SIPAS QARQEVE INDICATORS BY PREFECTURES“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 2011-07-24.
  2. „STRATEGJIA TERRITORIALE E NJËSISË VENDORE KUKËS“ (PDF). kukesi.gov.al. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-03. Посетено на 2019-04-04.
  3. Peter Dawson; Linda White; Andrea Dawson (March 1995). Albania: a guide and illustrated journal. Bradt Publications. стр. 97. ISBN 978-1-898323-10-5.
  4. „Гора“. Македонска нација. 28 декември 2011.
  5. „Albanian or South Dinaric Alps“. Summitpost. Посетено на 2008-12-31.

Надворешни врски уреди