Галина Улјанова

Галина Сергеевна Улјанова (26 декември 1909, Санкт Петербург - 21 март 1998, Москва) беше руска балерина. Најчесто ја наведуваат како една од најголемите балерина на 20 век[1].

Галина Улјанова
Галина Улјанова во1968 год
Роден(а)Галина Сергеевна Улјанова
26 декември 1909
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал(а)21 март 1998
ПочивалиштеНоводевически гробишта, Москва
ЗанимањеПрима балерина
РаботодавачТеатар Марински, Болшои театар
Познат(а) поРомео и Јулија , Жизел, Црниот лебед
НаградиЗаслужен артис на СССР

ЖивотописУреди

Галина Улјанова била ќерка на балетант од Театарот Марински.

Своето образование како балерина го започнала на 9-годишна возраст во затвореното балетско театарско училиште. Во 1928 таа се запишала на Државната академија за опера и балет, која подоцна ќе стане Киров балет. Многу брзо таа станала првиот солист. Ученичка била на Агрипина Ваганова. Прво танцувала в Ленинград, а по-късно се премества в Болшой театър в Москва. Најпрво танцуваше во Ленинград, а подоцна се пресели во театарот Болшој во Москва[2].

Во 1940 година настапувала во насловната улога Јулија за премиерата на Балетот од Сергеј Прокофиев Ромео и Јулија. Постоијат информации дека била инспирација за оваа музика. Стекнала светска слава во 1940-тите. Таа ја носи титулата Народен уметник на СССР, двапати херој на социјалистичкиот труд, и била лауреат на 4 награди Сталин и на Лениновата награда[3].

После повеќе гостувања, 1944 станала член на Болшој театар во Москва[4]. Следната година таа ја имала насловната улога во праизведбата на „Пепелашка“ (исто така од Прокофиев). Во Балшој стеатарот останала до пензионирањето 1963.

После тоа работела како наставничка по балет.

Таа е единствената балерина на која и бил подигнат споменик за време на нејзиниот живот. Во Холандија, видови на лалиња се именувани по неа.

По повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, пуштена била во промет сребрена паричка со нејзината слика во вредност од 2 рубли. Има и поштенски марки со нејзиниот портрет[5].

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди