Гаврил Светогорец

Гаврил Светогорец (роден на 10 март 1926 во Штип - починал на 12 јануари 1990 во Лесновски манастир) — македонски светец и епископ.

Свети Гаврил Светогорец
Роден(а) 10 март 1926, Штип, Кралство СХС
Починал(а) 12 јануари 1990, Лесновски манастир, СФРЈ
Канонизација 28 мај 2017, Црква „Св. Никола“ - Штип од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
Слава

ЖивотописУреди

Отецот Гаврил е роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип, каде завршил гимназија. Дипломирал во 1955 година на Факултетот за ликовни уметности во Белград и Богословскиот факултет во Скопје. Парнаџиев работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја оставил световната служба и заминал на Света Гора, каде што се здобил со големо аскетско искуство. Таму бил замонашен во манастирот Свети Павле со монашко име Гаврил. Во Македонија се вратил 1971 година каде престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година бил хиротонисан за епископ со титулата „Велички“.

Починал на 12 јануари 1990 година.

Кон крајот на мај 2017 година од страна на МПЦ-ОА бил прогласен за светец[1].

Автор е на книгите:Уреди

  • „Стихозбирка“ (1975);
  • „Света Гора – небесна земја“ (1978);
  • „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980);
  • „Правила и одредби на Православната црква за постот“ (1994);
  • „Отец Херувим“ (1997);

НаводиУреди