Вулнетари (албански: Vulnetari, доброволци) биле волонтерска милиција составена од Албанци од Косово основана од италијанската армија по успешната инвазија на Југославија. Тие служеле како помошни трупи за цивилна контрола и заштита на селата.[1] Дел од милицијата служел како гранична стража и под Италијанците и под Германците. Вулнетарите се бореле само на местата од каде што потекнувале, и против партизаните и против четниците, против кои се покажале како „вешти и решителни борци“.[1]

Независно од окупаторите, вулнетарите често напаѓале и ограбувале српски села. Тие запалиле стотици српски села, убивајќи повеќе луѓе и спроведувале кампањи за чистење на Косово и Метохија, како и во околните области на Црна Гора и Македонија.

На крајот на Втората светска војна, оваа милиција го штитела повлекувањето на германската армија. Кога Германците се повлекле од Косово, вулнетарите се скриле во своите села.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Tomasevich 2002.

Литература уреди

  • Tomasevich, Jozo (2002). War and Revolution in Yugoslavia, 1941-1945: Occupation and Collaboration. Stanford: Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-3615-2.CS1-одржување: ref=harv (link)