Врска на далечина (филм од 2010 година)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Врска на далечина (Англиски: Going the Distance) е романтична комедија од 2010 година, во режија на Ненет Бурстајн, а главните улоги ги играат Дру Баримор и Џастин Лонг. Снимањето на филмот започнало во јули 2009 година, а за првпат се прикажал на 3 септември 2010 година.
„Врска на далечина“ | |
---|---|
Режисер | Ненет Бурстајн |
Продуцент | Џенифер Гибгот Џаред Хес Адам Шенкман |
Сценарист | Џеф ЛаТулип |
Главни улоги | Дру Баримор Џастин Лонг Чарли Деј Џејсон Судејкис Рон Ливингстон Кристина Апелгејт |
Музика | Мајкл Дана |
Кинематографија | Ерик Стилберг |
Монтажа | Питер Течнер |
Студио | New Line Cinema Offspring Entertainment Flower Films |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | август 27 2010(Обединето Кралство) септември 3 2010 (САД) |
Времетраење | 102 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $32 милиони[2] |
Бруто заработка | $42.1 милиони[2] |
Содржина
уредиЕрин (Дру Баримур) е 31-годишна жена којашто не може да си го усогласи животното темпо. Таа сè уште е студент и од неодамна доби работа како практикант за еден весник од Њујорк. Додека се излезени со другарка ѝ во еден бар, се запознава со Гарет (Џастин Лонг), којшто ја прекинува додека ја игра нејзината игра „стоногалка“. Потоа двајцата пијат заедно и завршуваат кај него, каде што пушат од наргиле и имаат секс, a цимерот на Гарет, Ден (Чарли Деј) им пушта музика. Следното утро, Ерин сака да си замине, но Гарет ја кани на појадок и таа ја прифаќа неговата понуда. Потоа му кажува дека ќе престојува во Њујорк само уште шест седмици и дека не сака врска. Тој се согласува нештата да се случуваат без обврски. Ерин и Гарет почнуваат да уживаат, но наскоро чувствуваат нешто еден за друг, па Ерин се обидува да го убеди својот шеф да ѝ даде постојано работно место. Пред да заврши со праксата, таа пишува една популарна статија и затоа нејзиниот шеф и вели да му се јави во јануари за можно работно место. Во меѓувреме Гарет, којшто работи за една издавачка куќа, му даваат да работи со една група којашто не му се допаѓа и почнува да ја мрази својата работа. Двајцата продолжуваат да уживаат, но кога ќе изминат шесте седмици, тешко им е да се разделат. Гарет ја носи Ерин до аеродромот и тие се збогуваат , но во моментот кога Ерин треба да замине, Гарет трча по неа и ѝ кажува дека е луд по неа и сака да продолжат со врска на далечина. Таа се согласува. Во следните неколку месеци, Ерин и Гарет го поминуваат целото слободно време во телефонски повици и пишување пораки за да пресметаат кога ќе може едниот да дојде кај другиот. Гарет ѝ приредува изненадување и ја посетува за Денот на благодарноста. Нивната средба е многу возбудлива. Кога пристигаат во куќата на Корин, сестра ѝ на Ерин (каде што таа моментално престојува), почнуваат да имаат секс на трепезариската маса, без да знаат дека зетот на Ерин вечера. На крај доаѓа и Корин и ситуацијата станува незгодна. Следниот ден, Ерин и Гарет излегуваат на свирка на „The Boxer Rebellion“ и се сложуваат дека групата е добра. Гарет станува љубоморен кога дознава дека Ерин е пријателка со Дејмон, еден привлечен бармен којшто работи со неа. На крајот, тој мора да замине и да се врати во Њујорк. Во јануари, Ерин му се јавува на нејзиниот шеф од летната пракса за да го праша дали постои можност за вработување. Тој ѝ вели дека не им требаат работници и дека всушност отпуштиле 100 вработени. Таа не може да се расположи од разговорот со Гарет, излегува и се опива со Дејмон и за малку ќе го бакнеше, но на крај си оди дома. Подоцна, нејзиниот професор ѝ вели дека ја препорачал за работа во „San Francisco Chronicle“ и оди на интервју. Во меѓувреме, се обидуваат да имаат секс преку телефон со Гарет, но не им оди. Еден месец подоцна, кога Ерин се спрема да оди во Њујорк, ѝ се јавуваат од „Chronicle“ за да ѝ кажат дека ја вработиле. Таа заминува за Њујорк, му кажува на Гарет за работата и се караат. Следниот ден се смируваат и тој ѝ вели да одлучи дали ќе ја прифати работата. После една седмица, тој ѝ се јавува и ѝ вели дека сака таа да се пресели во Њујорк, па така ќе можат да живеат заедно и да почнат одново. Таа се согласува, а тој оди во Сан Франциско за да ги средат работите. Меѓутоа, после еден разговор со Корин, Гарет сфаќа дека тој не треба да биде причината поради која Ерин ќе се откаже од работата. Се разделуваат после еден трогателен разговор и долго гушкање на аеродромот. По шест месеци, Ерин добро напредува во својата кариера и ја напиша првата статија за насловна страница, а пак Гарет не бил со ниедна девојка после Ерин. Тој се откажува од работата и станува менаџер на „The Boxer Rebellion“, првата група на којашто беа заедно со Ерин. Тој ѝ праќа билети за нивниот настап и таа оди без да знае дека тој им е менаџер. Тие се среќаваат и тој ѝ кажува дека се преселил во Лос Анџелес. Тоа е на само неколку часа од Сан Франциско и имаат нова шанса за врска. Одат во куќата на Корин и ги наоѓаат Корин и Фил како се „чукаат“ на масата (исто како Гарет и Ерин претходно). Филмот завршува кога внуката на Ерин, Маја слегува по скалите за време на незгодната ситуација и сите извикуваат „Маја! Статуа!“ (тоа е фраза којашто Корин постојано ја користи кога ѝ вика на својата ќерка да престане неконтролирано да се движи).
Наводи
уреди- ↑ „GOING THE DISTANCE (15)“. British Board of Film Classification. July 5, 2010. Посетено на August 26, 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Going the Distance“. Box Office Mojo. Посетено на January 19, 2013.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Врска на далечина на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Врска на далечина на Box Office Mojo
- Врска на далечина на Rotten Tomatoes.
- Врска на далечина на Metacritic