Времето на невиноста (филм)
„Времето на невиноста“ (англиски: The Age of Innocence) — американски филм од 1993 година, во режија на Мартин Скорсезе. Во главните улоги настапуваат: Даниел Деј-Луис, Мишел Фајфер и Винона Рајдер. Во 1984 година, филмот ја овоил наградата „Оскар“ за најдобра костимографија.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот е одвива во доцниот 19 век. Њуланд Арчер, господин од високото општество, е свршен со Меј Вејланд, но неговиот среден живот е доведен во прашање кога ја запознава необичната роднина на Меј, грофицата Оленска. Њуланд најпрвин се однесува како заштитник на грофицата. Таа е исклучена од високото општество на Њујорк зашто била принудена да побегне од мажот кој ја измачувал. Mеѓутоа, Њуланд Арчер наоѓа сродна душа во грофицата Оленска и меѓу нив се раѓа љубов, иако двајцата се свесни дека тоа ќе предизвика неповолни последици...