Војчо Ј. Коларовски ( ? во Бањане, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Војчо Коларовски

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште. Во 1941 и 1942 година селаните од Бањани активно го помагале Првиот и Вториот скопски партизански одред. Доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада на овој терен, есента 1944 година, ја пречекале со радост. Во септември 1944 година стапил во бригадата и се борел против балистите. Во една од борбите против балистичките банди во октомври 1944 година, храбро загинал кај соседното село Чучер. Бил закопан на селските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 204. На |first= му недостасува |last= (help)