Вото
Вото (маршалски: Wōtto[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 13 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Вкупната површина на атолот е 4.33 км2, а лагуната има 94.92 км2. Името значи „влез низ гребен“ или „далечен остров“. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 160 жители.
Сателитска снимка на Вото. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 10°05′00″N 165°50′00″E / 10.08333° СГШ; 165.83333° ИГД |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 13 |
Површина | 4,33 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 160 (1998) |
Етнички групи | Маршалци |
Историја
уредиОстровот бил порано именуван како Шанцов Остров, по Јохан Еберхард фон Шанц, откривач на островот во 1835[2]. Во 1884 година атолот бил под германска управа, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.