Волчишта (Ениџевардарско)

село во Воденско/Мегленско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Волчишта (Мегленско))

Волчишта или В’лчишта (грчки: Υδραία, Идреја; до 1922 г. Βόλτσιστα, Волциста[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 496 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Волчишта
Υδραία
Волчишта is located in Грција
Волчишта
Волчишта
Местоположба во областа
Волчишта во рамките на Меглен
Волчишта
Местоположба на Волчишта во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57.40′N 22°4.56′E / 40.95667° СГШ; 22.07600° ИГД / 40.95667; 22.07600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно479
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во котлината Меглен, 3 км источно од гратчето С’ботско.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На почетокот на XX век Волчишта било чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото (В’лчишта) живееле 110 Македонци христијани.[4][5]

Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Волчишта (Voltchichta) имало 240 Македонци под патријаршијата.[4][6] Во 1909 г. во селото проработела и бугарската пропаганда кога е отворено бугарско училиште.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 20 македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 118 жители, кои во 1920 г. биле 125.[3] Во 1922 г. е преименувано во Идреја. Бидејќи до неодамна било чифлигарско село, во 1920-тите властите доведеле 132 грчки колонисти Турција и селото станало етнички мешано.[3] Во 1928 г. во Волчишта е заведен 261 жител од кои 149 лица (37 семејства) биле грчки дојденци, а останатите Македонци.[8]

До 1940 г. населението нараснало на 457 жители. Бројноста се задржала устојчиво и во следните десетлетија, со мали колебања. Во 1991 г. е Волчишта имало 484 жители од кои половината биле Македонци.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 457 469 487 503 506 484 462 496 479
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото е полско, а почвата се наводнува од реката Мегленица, поради што дава високи приноси. Главни производи се граорните култури и индустриските пиперки. Населението се занимава и со лозарство и овоштарство.[3]

Личности

уреди
  • Ѓорѓи Илиев — борец во Балканските војни (15. штипска дружина)[9]
  • Панајот Анастасов (Παναγιώτης Αναστασίου), гркомански андартски деец од III класа[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βόλτσιστα -- Υδραία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 84–85.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 309.
  10. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 130. ISBN 978-960-12-1724-6.