Волофски јазик
- За други значења на поимот „Волоф“ видете ја страницата за појаснување.
Волофски јазик или волоф — нигер-конгоански јазик кој се зборува воглавно во Сенегал, Гамбија и Мавританија. Ова е мајчин јазик на народот Волоф. Тој е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, заедно со фуланскиот и серерскиот јазик. Овој јазик не е тонски.
Волофски јазик | |
---|---|
Застапен во | Сенегал, Гамбија, Мавританија |
Народ | Волоф, Лебу |
Говорници | 4,2 милиони (2006) |
Јазично семејство | нигер-конгоанско
|
Писмо | волофска азбука |
Статус | |
Регулативен орган | Центар за применета лингвистика во Дакар |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | wo |
ISO 639-2 | wol |
ISO 639-3 | или: wol — волофски wof — гамбиско-волофски |
Волофскиот потекнувал како јазик на народот Лебу.[1][2] Овој е најзборуван јазик во Сенегал, поточно од околу 40% од населението.
Географска распространетост
уредиВолоф се зборува од над 10 милиони луѓе. Околу 40% (или 5 милони) од населението на Сенегал се Волоф и зборуваат волофски. Јазикот се користи за меѓусебна комуникација меѓу различните народи во Сенегал, а особено во и околу градот Дакар. Јазикот не е службен во Сенегал, бидејќи во државата службен е само францускиот.
Во Гамбија околу 3% од населението зборува волоф. Сепак, бројот на говорници на волоф во главнипт град Банџул е поголем, и таму 25% од населението зборува на волоф. Сепак, службен јазик во државата е англискиот, а околу 40% од населението зборуваат мандинка.
Околу 7% од населението на Мавританија зборуваат волофски, или 185.000 жители. Овој јазик се користи во јужниот крајбрежен регион.
Класификација
уредиВолоф е еден од сенегамбиските јазици, кои се познати по мутација на согласки. Често се вели дека јазикот е тесно сврзан со фуланскиот, но ова било како погрешно читање на податоците од Сапир (1971) од страна на Вилсон (1989). Сепак, според Седерер (2009, 2010) јазикот не е сличен со фуланскиот, туку тој наоѓа неколку помали јазици посродни со волофскиот, и тие јазици се зборуваат на реката Касаманс.[3]
Писмо
уредиВолофски јазик
| |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Doomi aadama yépp danuy juddu, yam ci tawfeex ci sag ak sañ-sañ. Nekk na it ku xam dëgg te ànd na ak xelam, te war naa jëflante ak nawleen, te teg ko ci wàllu mbokk. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Најчесто јазикот се пишува на латиница. Латиницата била стандардизирана со владин акто во периодот од 1971 до 1985 година. Правописот е фонетски и еден глас одговара на една буква. Јазикот се пишувал и на арапско писмо, особено до колонизацијата. Денес некои луѓе сè уште користат арабица. Латиничната азбука е:
A a B b C c D d E e Ë ë F f G g I i J j K k L l M m N n Ñ ñ Ŋ ŋ O o P p Q q R r S s T t U u W w X x Y y
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Falola, Toyin; Salm, Steven J. Urbanization and African cultures. Carolina Academic Press, 2005. ISBN 0-89089-558-9. p 280
- ↑ Ngom, Fallou. Wolof. Lincom, 2003. ISBN 3-89586-845-0. p 2
- ↑ Such as Kobiana and Banyum. Guillaume Segerer & Florian Lionnet 2010. "'Isolates' in 'Atlantic'" Архивирано на 31 март 2012 г.. Language Isolates in Africa workshop, Lyon, Dec. 4
Надворешни врски
уреди„Волофски јазик“ на Ризницата ? |
- Јазични ресурси за волофскиот Архивирано на 2 јуни 2008 г.
- Ethnologue за волофскиот
- Водич за учење на волофскиот
- Wolof Online
- Волофско-англиски речник Архивирано на 13 април 2004 г.
- Волофска азбука
Оваа статија за нигер-конгоански јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |