Воено одликување
Воено одликување — одликување кое се доделува на воен персонал или единици за херојство во битка или одлична служба. Дизајнирани се да се носат на воена униформа.
Граѓанските одликувања кои им се доделуваат на воени лица не треба да се сметаат за воени одликувања, иако витешките ордени може да се делат на граѓански и воени. Одликувањата за полиција и противпожарна служба можат понекогаш да се сметаат за придружни на воените одликувања на кои тие се засноваат, иако тие строго не се воени одликувања.
Одликувањата се практикувале уште од древни времиња. Келтите и римјаните носеле гривни, дајаците носеле и сѐ уште ноаст тетоважи итн. За време на раниот среден век се давале ѓердани и белегзии, кои еволуирале во големи ѓердани богати со драги камења, често со прикачени со приврзок (најчесто медал).
Денес воените одликувања можат да бидат:
- Витешки ордени;
- Одликувања за храброст во вид на крст, ѕвезда или медал на лента;
- Одликувања за одлична служба, во вид на крст, ѕвезда или медал на лента;
- Походни медали на лента;
- Медали за служба на лента;
- Одликувања на цели единици.
По секојдневни прилики се носат само ленти.