Воена академија 3: Нов почеток

Воена академија 3: Нов почеток е српски филм од 2016 година и претставува продолжение на филмот Воена академија 2 од 2013 година. Го режирал Дејан Зечевиќ, а сценариото го пишуваа Бобан Јевтиќ и Милан Коњевиќ

Филмот бил премиерно прикажан на 8 ноември 2016 година во Сава центар.[1] Заедно со филмот, била снимена и третата сезона од телевизиската серија од петнаесет епизоди, чија премиера била емитувана од 19 февруари до 4 јуни 2017 година.

Синопсис уреди

Професионалните обврски се испреплетени со приватните проблеми и искушенија на овие амбициозни млади луѓе кои ги врзува пријателството за цел живот. Во исто време започнуваат уписите на нови кандидати на Воената академија, меѓу кои се издвојуваат Груја и Буги, двајца неразделни пријатели, Ика суперинтелигентен бунтовник, шармантната зборливка Цеца, мистериозните и по малку осамени Ангела и Маша, девојка која гледа бегство од посесивната мајка. Она што ќе биде најважната заедничка лекција за нив е сознанието дека Воената академија не е само воено училиште, туку училиште на животот.[2]

Улоги уреди

Глумец Улога
Радован Вујовиќ Радисав Рисовиќ Рис
Бојан Периќ Даниел Стошиќ
Иван Михаиловиќ Мирко Клисура
Бранко Јанковиќ Живојин Џаковиќ
Јелисавета Орашанин Весна Роксандиќ Роксанда
Тијана Печенчиќ Милица Зимониќ Зимче
Драгана Дабовиќ Инес Шашвари Шаша
Тамара Драгичевиќ Надуца Арсиќ
Љубомир Бандовиќ мајор Жарач
Небојша Миловановиќ мајор Кашанин
Милош Тимотијевиќ мајор Видое Васиљевиќ
Јелица Сретеновиќ Буразер
Милица Михајловиќ готвачката Шеки
Бранислав Лечиќ начелник генерал Никола Сттефановиќ
Тихомир Станиќ полковник Зековиќ
Ивана Мичиќ Емилија Стошиќ
Дара Џокиќ Мајката на Рис
Феџа Стојановиќ Таткото на Рис
Софија Рајовиќ Ивана

Наводи уреди

  1. „„Војна академија 3" осмог новембра у Центру „Сава". rts.rs. Посетено на 12. 9. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Војна академија 3: Нови почетак“. Филмски центар Србије. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 4. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)