Водни лилјани (циклус на Моне)
Водни лилјани (1897–1926) — име на циклус од околу 250 слики на францускиот сликар Клод Моне. Сликите се изработени во техниката масло на платно и ја прикажуваат градината на сликарот во Живерниј. Моне поминал триесет години од животот сликајќи лилјани. Многу од неговите дела ги насликал во време кога страдал од перде[1]
Моне бил голем љубител на природата. Во 1890 година, тој одлучил да изгради сопствена градина на вода во Живерни, оддалечен околу сто километри од Париз. Пет години подоцна, тој започнал да ги слика истите мотиви на лилјани повторно и повторно во различни временски интервали и услови.
Садел и одржувал разновидни егзотични растенија, без прекин до 1901 година. Следната година, тој започнаl да работи на циклус на водни лилјани. Сфаќајќи дека неговиот творечки потфат се развивал со побавно темпо отколку што очекувал, во 1906 година тој одлучил да ја одложи својата изложба. Само три години подоцна, тој изложил 48 слики на платно со мотиви на лилјани.
Во текот на дваесеттите години на минатиот век, Франција изградила неколку кружни простории во галеријата на музејот „Оранжерија“, чии sидови станале постојан дом на осум мурали на водните лилјани на Моне. Изложбата била отворена на 16 мај 1927 година, шест месеци по смртта на Моне. Во 1999 година, во оваа галерија била претставена изложбата на Моне на шеесет слики со водни лилјани на платно, собрани од целиот свет.
Сликите од циклусот „Водни лилјани“ се наоѓаат во многу музеи ширум светот, вклучувајќи ги Музеј Мармотан Моне и музеј Орсе во Париз, [[Метрополитен {музеј}|Метрополитен]] на уметност во Њујорк, на Институтот за уметност во Чикаго, Музеј на уметноста Сент Луис, Музејот на уметност Нелсон-Аткинс во Канзас Сити, Мисури, Музеј на уметноста Карнеги, Национален музеј на Велс, Музејот на уметноста на Нант, Музеј на уметноста Кливленд, Музеј на уметноста во Портланд.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Claude Monet's "Water Lilies"“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2020-09-24.