Владимир (кована пара)


Владимиркована пара за колекционерски цели за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 100 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на осмата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 25 јуни 2015 година. Цената на апоенот во изнесува 3.500 денари. Оваа кована пара е дел од серијата на ковани пари „Ден на Ангел“.[1]

Владимир
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на Ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 денари

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[2]

Опачина уреди

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на свети Владимир - Владимир I, Великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. На долниот дел од монетата е прикажана црквата на кнезот Владимир во Лужники (Москва) во близина на реката Москва. На левата страна е прикажан замок - симболот на Свети Владимир. Замокот е одделен од својот одраз во водата со името „Владимир“ напишано на македонски јазик. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, кој наликува на зелен јаспис (среќниот камен на св. Владимир), како и натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Соопштение на НБРМ“. 25 јуни 2015. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ВЛАДИМИР". Посетено на 8 јануари 2018.

Надворешни врски уреди