Владимир Георги Спасов

Владимир Георги Спасов (1933, Велес) — македонски сликар.

Животопис

уреди

Спасов е роден во Велес, во 1933 година. Во 1963 година завршил Виша педагошка школа во Скопје, ликовна насока со историја на уметноста. До пензионирањето во 2000 година, работел како артист/аниматор во Македонската телевизија.

Творештво

уреди

Спасов учествувал во поголем број групни изложби во Македонија и во странство. На 28 октомври 2014 година, во Музејот на градот Скопје била отворена ретроспективна изложба на Спасов, со наслов „Мојот ликовен ракопис“, а на која биле прикажани педесетина дела, создавани од 1950 до 1980 година, во различни техники.[1]

Наводи

уреди
  1. „Ретроспектива на Владимир Георги Спасов во Музејот на градот Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 22.