Отвори го главното мени

Вконтакте — најголемата социјална мрежа во Европа со седиште во Санкт Петербург. Мрежата е достапна на повеќе јазици, а е масивно популарна помеѓу говорниците на руски јазик. Вконтакте им дозволува на своите корисници да праќаат пораки јавно или приватно, да формираат групи, јавни страници и настани, да означуваат и споделуваат слики, аудио и видео и да играат игри базирани во интернет пребарувачот.

Вконтакте
ВидСоцијална мрежа
OснованаСанкт Петербург, Руска Федерација (10 октомври 2006)
СедиштеСанкт Петербург, Руска Федерација
Приходи 121.4 милиони (2013) RUB
Порталwww.vk.com

Во Јануари 2017, Вконтакте имала најмалку 410 милиони регистрирани акаунти. Од тогаш таа е рангирана на 13 место во анализата на Alexa Internet Inc. за топ 500 веб портали. Таа е вториот најпопуларен веб портал во Русија, веднаш зад Yandex N.C.. Според SimilarWeb, Вконтакте е 4-ти најпопуларен веб портал во светот. Во Октомври 2016, Вконтакте беше рангирана како втората најпопуларна социјална мрежа во Израел, веднаш по Facebook.