Вишера е река, лева притока на реката Кама во Пермскиот крај во Русија. Припаѓа на сливот на Каспијското Езеро. Долга е 415 км, а површина на поречјето изнесува 31,200 км2. Поголемиот дел тече во правец север-југ. Главни притоки се Јазва и Колва.

Вишера
Местоположба
Физички особености
УстиеКама
Особености на сливот
Речен сливрека Кама

Реката Вишера се замрзнува кон крајот на октомври или почетокот на ноември, и останува замрзната под лед сè до крајот на април.

Во поречјето на оваа рекат постојат наоѓалишта на дијамант.