Виолета Бојковска

Виолета Бојковска (р. 1990) — македонска писателка.

Животопис уреди

Бојковска е родена во Велес во 1990 година. Магистрирала кривично право на Правниот факултет „Јустинијан I“. Живее во Скопје, а работи како уредник на дигитална содржина и како дигитален маркетинг-менаџер.[1]

Творештво уреди

Бојковска пишува поезија и кратки раскази. Нејзината прва книга е поетската збирка „Нијанси на сиво“. Во 2019 година ја објавила збирката раскази „Барем наутро“, а нејзините раскази се застапени и во збирката „Очудувања“.[2]

Наводи уреди

  1. Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019.
  2. Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019.