Вини-Пу (книга)

Вини-Пу (англиски: Winnie-the-Pооh) — роман за деца од англискиот писател Александер Ален Милн, првобитно објавен во 1926 година.

СодржинаУреди

Покрај воведот, романот има десет глави:[1]

  • Глава I: Во неа се запознаваме со Вини-Пу и со неколку пчели, и приказните почнуваат
  • Глава II: Во неа Пу оди на посета и се заглавува
  • Глава III: Во неа Пу и Прасенцето одат на лов и за малку не успеваат да фатат видра
  • Глава IV: Во неа Ушле ја губи својата опашка, а Пу ја наоѓа
  • Глава V:Во неа Прасенцето сретнува еден Слон-клапоушко
  • Глава VI: Во неа Ушле слави роденден и добива два подарока
  • Глава VII: Во неа Кенга и бебето Ру доаѓаат во шумата и го бањаат Прасенцето
  • Глава VIII: Во неа Кристофер Робин води експотиција на Северниот Пол
  • Глава IX: Во неа Прасенцето е окружено со водар од сите страни
  • Глава X: Во неа Кристофер Робин приредува забава за Пу и ние се збогуваме

Изданија на македонски јазикУреди

Издание на „Детска радост“ од 1988 годинаУреди

Книгата, издадена во склоп на мини џебната библиотека „Синоличка“, има 100 страници, во мек повез, со обем од 18 страници. Преводот од англиски јазик го направила Даница Цветановска, а ликовното уредување и дизајнот на корицата се дело на Александар Каевски. Покрај основниот текст, на крајот е дадена куса белешка за авторот. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но ја нема меѓународната ознака ISBN. Книгата е испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ „Печатница“ - Скопје.[2]

НаводиУреди

  1. Александар Ален Милн, Вини-Пу. Скопје: Детска радост, 1988.
  2. Александар Ален Милн, Вини-Пу. Скопје: Детска радост, 1988.