Винаријата Маркам

Винарска визба Маркам е винарија која е создадена во долината Напа, Калифорнија, во 1874 година. Винаријата Маркам работела постојано од своето основање (иако под различни имиња) и е четвртата најстара винарија што работи постојано, во округот Напа.

Лозови насади Маркам

Историја уреди

Винаријата Маркам е создадена од Џенан Лоран, кој бил имигрант од регионот Бордо во Франција, и пристигнал во Калифорнија во 1852 година како дел од приливот на население што произлезе од златната треска во Калифорнија. Видел дека земјата во долината Напа е соодветна за производство на вино и ја создал својата фабрика за производство на вино во 1874 година.[1] Лоран и неговите лози станале познати текот на 1880-ти години.

Џенан Лоран починал во 1890 година, а неговата винарија продолжила со успешна работа до 1978 година. Таа година, винаторот Брус Маркам ја купил винаријата на Лоран и ги работел лозјата во околните Јантвил, Оук Нол и Калистога, Калифорнија. Со тоа ги основал лозовите насади Маркам.

Во 1988 година винаријата Лоран била продадена на јапонскиот производител на вино и алкохолни пијалоци Мерсијан Корпорејшн. Тој започнал четиригодишна програма за реновирање, проширување и засадување на повеќе лозови насади на имотот на Маркам, вреден повеќе од милион долари. Со помош на овие реновирања и засадување на лози повеќе од двојно го зголемил капацитетот на лозовите насади Маркам.[2]

Од 2019 година винаријата е во сопственост на јапонската компанија Кирин.[3]

Лозја уреди

На винаријата Маркам во долината Напа и припаѓаат 350 хектрарина лозје во областите што се граничат со планината. Света Елена, околу заедниците Калистога, Јантвил и Оук Кнол.

Вина уреди

Винаријата Маркам произведува вина од видовите Мерло, Каберне Совињон, Совињон блан и Шардоне. Винаријата е историски позната по своето вино Каберне Совињон, иако виното Мерло кое било познато во 1980 година подоцна станало предводник.

Наводи уреди

  1. Hill, Kathleen & Gerald. Napa Valley Land of Golden Vines. The Globe Pequot Press, 2005, p. 165.
  2. Napa Valley Vintners, August 9, 2011.
  3. „Lion-owned Distinguished Vineyards & Wine Partners Acquires Two Napa Valley Wineries: Markham Vineyards and TEXTBOOK“. Lion. 28 March 2019. Архивирано од изворникот на 2020-12-17. Посетено на 17 December 2020.

Надворешни врски уреди