Вилхелм I (германски: Wilhelm I, Kurfürst von Hessen; 3 јуни 1743 – 27 февруари 1821) — најстариот преживеан син на Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел и принцезата Марија од Велика Британија, ќерка на Џорџ II.

Вилхелм I
Портрет од Вилхелм Ботнер, 1795 година
Изборен кнез на Хесен
На престол31 октомври 1785 - 27 февруари 1821
ПретходникФридрих II
НаследникВилхелм II
Роден(а)3 јуни 1743
Касел, Ландгравијат Хесен-Касел
Починал(а)27 февруари 1821 (возр. 77)
Касел, Изборно Кнежевство Хесен
СопружникВилхелмина Каролина (Принцеза од Данска) (в. 1764; п. 1820)
ДинастијаДинастија Хесен
ТаткоФридрих II, Ландграв од Хесен-Касел
МајкаМарија Принцеза од Велика Британија
ВероисповедКалвинизам

Неколку други изборни кнезови на Светото Римско Царство биле признати за кралеви на Конгресот во Виена (1815), а Вилхелм се обидел да им се придружи со тоа што се прогласил за крал на Хатите. Меѓутоа, европските сили одбиле да ја признаат оваа титула на Конгресот во Екс-ла-Шапел (1818) и наместо тоа му ја дале титулата Голем Војвода. Сметајќи дека титулата принц-изборник е супериорна по достоинство од онаа на Големиот Војвода, Вилхелм избрал да остане електор, иако веќе непостоело Царството. Хесен-Касел ќе остане електорат додека не биде припоен од Прусија во 1866 година.