Вилкинсов Проток

проток на Антарктикот
(Пренасочено од Вилкинсов Леден Гребен)

Вилкинсов Проток (англиски: Wilkins Sound) — проток на Антарктикот, претежно зафатен од леден гребен. Се наоѓа на југозападната страна на Антарктичкиот Полуостров, помеѓу вдлабнатиот западен брег на Александровиот Остров и бреговите на островите Шарко и Латади поназапад.

Вилкинсов Проток
Wilkins Sound
Повлекувањето на Вилкинсовиот Леден Гребен од 1947 до 2009 г.
Географија
МестоАнтарктик
Управување
Антарктик
Под управа согласно Антарктичкиот договор
Делумното уривање на гребенот

Вилкинсовиот Леден Гребен е квадратен леден гребен со димензии од 150 × 110 км. This feature occupies the central part of Вилкинсовиот Проток, по кој а наречен. Името е дадено по предлог на британскиот антарктички комитет (UK-APC) во 1971 г.

Историја уреди

Северниот дел на протокот е првпат забележан и грубо картиран во 1910 г. од Француската антарктичка експедиција под водство на Жан-Батист Шарко и набљудуван од воздух во 1929 г. од австралискиот истражувач Хјуберт Вилкинс. Поставеноста и обликот на протокот се утврдени во 1940 г. на истражувачките летови на Антарктичката служба на САД. Службата го нарекла по Хјуберт Вилкинс, кој во 1929 г. прв докажал дека дотогашната „Шаркоова Земја“ е остров, и така посредно го открил протокот. Постоењето на островот Латади од јужната страна на протокот е утврдено во 1960 г. од британскиот земјомер Д.Џ.Х. Серл со внимателно разгледување на воздушните снимки направени од Ронеовата антарктичка истражувачка експедиција во 1947-48 г.

На 5 април 2009 г. дошло до раскршување на тенкиот леден мост од антарктичкиот брег до Вилкинсовиот Леден Гребен, и научниците сметаат дека ова може да доведе до уривање на целиот гребен. Според некои известувања, гребенот се раскршил на стотици мали санти. Британскиот научник Дејвид Вон смета дека ова се должи на глобалното затоплување.[1]

Поврзано уреди

Извори уреди

Наводи уреди

  1. „Antarctic ice bridge splits“. BBC News. 5 април 2009. Посетено на 6 април 2009.

Надворешни врски уреди

70°15′S 73°00′W / 70.250° ЈГШ; 73.000° ЗГД / -70.250; -73.000