Вилијам Гибсон
Вилијам Форд Гибсон (роден на 17 1948) — американско-канадски писател на шпекулативна литература и есеист заслужен како пионер во поджанрот на научната фантастика познат како киберпанк. Започнувајќи ја својата писателска кариера во доцните 1970., неговите рани дела спаѓале во жанрот ноар, и приказни за блиската иднина кои ги истражувале ефектите на технологијата, кибернетиката и компјутерските мрежи на луѓето - „комбинација на ниски морали и технологија на високо ниво“ кои помогнале да се направи иконографија на информатичкото време пред појавувањето на интернетот во деведесеттите години.[1] Гибсон го воел терминот „киберпростор“ во неговото кратко дело „Хром во пламен“ во 1982 година и подоцна го популаризирал концептот во неговата прва новела „Невромансер“ во 1984 година. Овие негови рани дела се заслужни за „оживување“ на научната фантастика по нејзиниот пад на популарност во седумдесеттите години.
Вилијам Гибсон William Gibson | |
---|---|
Гибсон на промоција на француската верзија од Земја на духови во Париз, 17 март 2008 | |
Роден/а | Вилијам Форд Гибсон 17 март 1948 Конвеј, Јужна Каролина, САД |
Занимање | романописец |
Националност | Американско, канадско |
Период | 1977–денес |
Жанр | Шпекулативна литература (фикција), научна фантастика |
Книжевно движење | Сајберпанк, стимпанк, постсајберпанк |
Значајни дела | Невромансер (новела, 1984) |
Значајни награди | Награда Небула, Награда Хуго, Награда Филип К. Дик, Награда Дитмар, Награда Сејун (сите категории за 1985); Награда Прикс Аурора (1995) |
мрежно место | |
williamgibsonbooks.com |
По дополнувањето на романот Невромансер со уште два романи со тоа заокружувајќи ја дистописката трилогија наречена „Сајберпростор“, Гибсон соработувал со Брус Стерлинг на романот „Мотор на различноста“ во 1990, што станал важно дело во поджанрот на научната фантастика, стимпанк. При крајот на 1990. години, Гибсон ја стоставил трилогијата „Мост“ од романи, кои го истражувале социолошкиот развиток на урбаните животни средини во блиската иднина, постиндустриското општество и доцниот капитализам. По доаѓањето на новиот век и терористичките напади од 11 септември, Гибсон се осврнал на пишување на реалистички романи како што се „Препознавање на појави што се повторуваат“ (2003), Земја на духови (2007) и Нула Историја (2010)—дела чии дејствија се случуваат во современиот свет. Овие дела за првпат го вметнаа неговото име во популарните списоци на бестселери. Неговото најново дело, Периферија (2014), повторно прави осврт кон технологијата и препознатливите научно фантастични теми.
Во 1999 година, весникот Гардијан го опишал Гибсон како „веројатно најважниот романописец во изминатите две децении“, додека австрискиот Сиднеј Морнинг Хералд го нарекол „пророк на жанрот ноар“ во полето на киберпанкот. Во неговата кариера Гибсон напишал повеќе од 20 раскази и 10 успешно искритикувани романи (од кои еден во соработка), пишувал статии за неколку големи издавачки куќи, и соработувал со уметници, режисери и музичари. Неговата работа имала влијание низ повеќе дисциплини вклучувајќи ги академските кругови, дизајн, филм, литература, музика, киберкултурата и технологијата.
Наводи
уреди- ↑ Schactman, Noah (2008-05-23). „26 Years After Gibson, Pentagon Defines 'Cyberspace'“. Wired.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Вилијам Гибсон на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |