Виктор Габер
Виктор Габер (Скопје, 8 декември 1948) — македонски дипломат од кариера, филателист и публицист[1].
Животопис
уредиГабер е роден во Скопје на 8 декември 1948 година. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980 – 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989–1993); потсекретар во МНР на Македонија (1993–1996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Македонија кај ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (1996–2000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004–2008)[2]; претседател на Дипломатскикот клуб - Скопје од 2009. Габер е секретар на Сојузот на Фимателисти на Макеодија од 2019 гоидна.
По потпишувањето на Договорот од Преспа во 2018 година Габер е именуван за ко-кординатор на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно чл.8. ст. 5 од овој Договор.
Библиографија
уреди- Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна, 1985;
- За Македонската дипломатија, 2002
- Премрежјата на македонскиот интелектуалец, 2003;
- Колатерална штета, 2006;
- Recognition and Denial, 2008;
- Името Македонија-историја, право, политика, 2010[3];
- Крсопатите на Венко Марковски, 2012;
- Дипломатија и политика, 2013;
- Скопје на поштенски марки – историја и мотиви, на македонски и англиски во соавторство со Климе Поповски, 2018;[4]
- Нико Зупанич и Македонија во 1903 година, 2022.
- 100 Години Велес историја на поштенски картички, соавторство со Зоран Стрезоски, 2023.
https://balkaninsight.com/2019/05/17/greece-north-macedonia-commission-wont-rewrite-history/
Наводи
уреди- ↑ Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007
- ↑ „Амбасадорот Виктор Габер си замина од Австралија“. /www.informator.ws. 22 декември 2008. Посетено на 2010-04-17.
- ↑ „Промоција на книга од Виктор Габер“. Утрински Весник. 30/03/10. Посетено на 2010-04-17. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ „Скопје на поштенски марки, монографија на Поповски и Габер“. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 2018-06-16.