Отвори го главното мени

Вики Кристина Барселона

Вики Кристина Барселона (англиски: Vicky Cristina Barcelona) е американски / шпански драмафилм на Вуди Ален од 2008 год. Неговата нова муза е младата глумица Скарлет Јохансон. Во филмот исто така се појавуваат и Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Ребека Хал. Филмот е сниман на аутентични локации во Шпанија, поточно во Барселона, а премиерно филмот беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан. Филмот ја доби наградата за најдобар филм во категорија мјузикл или комедија на овогодинешниот Златен Глобус.

„Вики Кристина Барселона
(Vicky Cristina Barcelona)“
Vicky cristina barcelona.jpg
Официјален постер
РежисерВуди Ален
ПродуцентЛети Аронсон
Гарет Вили
СценаристВуди Ален
НастапуваатСкарлет Јохансон
Хавиер Бардем
Пенелопе Круз
Ребека Хал
Жанрдрама
ДистрибутерThe Weinstein Company
Премиера15 август 2008
Времетраење96 мин.
Држава САД
 Шпанија
Јазиканглиски, шпански
Буџет15 мил. долари

СинопсисУреди

Американките Вики и Кристина го поминуваат летото во Барселона одседнувајќи кај роднината на Вики, Џуди. Вики е практична и традиционална, верна на својот прагматичен и ретко романтичен дечко, Дог. Кристина пак е спонтана и несигурна во своите животни цели, а бидејќи од неодамна не е во врска, слободна е за нови искуства. На една изложба девојките го запознаваат уменикот Хуан Антонио. Тројцата заедно ќе се најдат во вртлог на страсти, вина и уметност. Но, Хуан Антонио се уште е под влијание на својата несреќна љубов со својата нестабила и психички пореметена бивша жена Марија Елена.

Актерска екипаУреди

Глумци Ликови
Скарлет Јохансон Кристина
Хавиер Бардем Хуан Антонио
Пенелопе Круз Марија Елена
Ребека Хал Вики
Крис Месина Даг
Патрисија Кларксон Џуди

КритикиУреди

Кога станува збор за критиките, изгледа дека Вуди Ален овој пат го пронашол рецептот за успех на киноблагајните. Интернет страницата Ротен Томатоес, овој филм го оцени со одлични 80%, а можеби поважно е она што филмот и се допадна и на обичната публика во еднаква мера. Општото мислење гласи дека ова е привлечна и мистериозна трагикомедија која лесно ќе ги шармира своите гледачи со прекрасните амбиенти и одличните актерски остварувања. Ако овој филм не ви е доволно, вака кажаа медиумите – ‘Шпанскиот акцент дава извонредна доза на свежина на вообичаениот невротичен стил на Вуди.’ (Salt Lake Tribune). ‘Ален одамна не снимил толку смешен и секси филм.’ (New York Post). ‘Возбудлив и хипнотизирајќи, баш како летна романса во егзотичен град.’ (USA Today).

Надворешни врскиУреди