Уредувачки натпревар на тема „Села во Егејска Македонија“

 

од 22 февруари до 21 март 2016 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Села во Егејска Македонија“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Егејска Македонија“.

Натпреварот почнува на 22 февруари 2016 г. во 00:00 ч. и завршува на 21 март 2016 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со селата во Егејска Македонија. Бидејќи темата е специфична, ве замолуваме прочитајте во целост оваа страница. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од селата во Егејска Македонија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Ehrlich91
  2. Bjankuloski06
  3. Македонец
  4. Инокентиј
  5. Тиверополник

Предлози за статии уреди

Материјали уреди

За потребите на натпреварот обезбедена е книгата „Населените места во Егејска Македонија“ од Тодор Христов Симовски (при наведување користете ја предлошкава: Предлошка:НМЕМ) во дигитализиран облик, која сите заинтересирани корисници кои сакаат да уредуваат за овој натпревар, нека се обратат на корисникот Ehrlich91 преку електронска пошта (toni91ehrlich@gmail.com) со цел добивање на изданието. Книгата ќе биде првичен извор на материјал за уредување на сите населени места во Егејска Македонија. Бидејќи е од 1998 година, многу делови за административната состојба во однос на тоа каде припаѓаат селата најчесто не се совпаѓаат со новите состојби, поради што напоменуваме дека треба да се следат административните граници како што е на предлошката „Егејска Македонија“.

При создавање на нова статија, особено при вметнување на инфокутија во новосоздадената статија, како и за вметнување на инфокутија во досегашните статии, користете ја предлошката Предлошка:Инфокутија Место во Грција.

Покрај материјалот од книгата, учесниците може да уредуваат и користејќи материјали од другите јазични изданија на Википедија (главно Википедија на бугарски јазик), при што треба да се внимава на изнесените податоци во нивните статии во поглед на изјаснувањето на националноста на населението од селата во Егејска Македонија (поради што треба да се користи предлошката Предлошка:БИМ).

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. MacedonianBoy (Ж2)
  3. Boyan (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 250 евра во денарска противвредност.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 150 евра во денарска противвредност.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.616
2 Ehrlich91 1.402
3 Bjankuloski06 551
4 Македонец 234
5 Инокентиј 53