Уредувачки натпревар на тема „Свето Римско Царство“

 

од 1 до 30 јуни 2016 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Свето Римско Царство“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Свето Римско Царство“.

Натпреварот почнува на 1 јуни 2016 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 јуни 2016 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со Светото Римско Царство. Тука би влегле статии поврзани со светити римски цареви, земјите кои биле дел од ова царство, општи статии поврзани со оваа поранешна држава (знаме, грб, администрација, итн.), царски окрузи, војни на царството со други држави, династии, и други теми кои би имале поврзаност со царството.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од Светото Римско Царство). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. AStyle
  2. Инокентиј
  3. Б. Јанкулоски
  4. Тиверополник
  5. Ehrlich91
  6. LionmindMKD

Предлози за статии уреди

Материјали уреди

Учесниците имаат слобода при употребата на материјали во натпреварот и тие може да користат материјали од книги, енциклопедии, дигитални изданија, други јазични изданија на Википедија, како и други печатени и дигитални материјали поврзани со Светото Римско Царство.

Воедно, ве повикуваме да го следите и овој правилник за именување на бројните составни единици на Светото Римско Царство.

Правилник за именување на видовите составни единици на Светото Римско Царство
Англиски Германски Македонски
Abbacy Abtei Опатија
Archbishopric Erzbistum Архиепископија
Archduchy Erzherzogtum Надвојводство
Bailiwick Ballei Настојништво
Barony Baronie Баронија
Bishopric Bistum Епископија
Burgraviate Burggrafschaft Бурггрофовија
Canton Kanton Кантон
Commandery Komturei Заповедништво
County Grafschaft Грофовија
County Palatine Pfalzgrafschaft Пфалцгрофовија
Duchy Herzogtum Војводство
Electorate Kurfürstenthum Изборно кнежевство
Free Imperial City Freie Reichsstadt Слободен царски град
Grand Duchy Großherzogtum Големо војводство
Imperial City Reichsstadt Царски град
Kingdom Königreich Кралство
Landgraviate Landgrafschaft Ландгрофовија
Landvogtei Landvogtei Намесништво
Lordship Herrschaft Господство
Margraviate Markgrafschaft Маркгрофовија
Prince-Bishopric Fürstbistum Епископско кнежевство
Principality Fürstentum Кнежевство
Priory Priorat Приорија
Provostry Fürstpropstei Кнежевско старешинство
Stem duchy Stammesherzogtum Племенско војводство

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. MacedonianBoy (Ж2)
  3. Boyan (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 250 евра во денарска противвредност.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 150 евра во денарска противвредност.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 442
2 Ehrlich91 92
3 Инокентиј 34
4 Bjankuloski06 4
5 LionmindMKD 4
6 AStyle 0